„Како се осудуваш, ти си баба. Ќе умреш пред да ти порасне детето“: Актерката (54) доби дете со 15 години помлад маж, а цел свет зборува за нејзиниот претходен брак

Данската актерка и пејачка Бригит Нилсен (58) со години беше интересна за медиумите поради бракот со Силвестер Сталоне, кој траеше 19 месеци, но целото внимание го украде приказната дека на 54 -годишна возраст стана мајка за по петти пат.

Бригит Нелсон пред три години ја доби ќерката Фрида со своето 15-години помладо момче, Матија Деси. Актерката безуспешно10 години се обидуваше да има дете со вештачко оплодување. Иако се проценува дека шансите се 2,5% на нејзина возраст, сепак успеала да забремени и да се породи на 54 -годишна возраст.

„Ова е многу скапа игра каде што може или не може да победиш. Многу лекови, хормони, многу страдања за конечно некој да ти се јави и да ти каже - извини, не си бремена. Лекарите ми дадоа само 3 до 4 проценти шанса, не мислев дека ќе одлучам да забременам по 42. Имаше многу разочарувања. Иако сте реални бидејќи знаете колку години имате и шансите се против вас, сепак не се откажувајте“, рече Бригит Нилсон.

Бригит и Матијас неодамна го прославија третиот роденден на нивната ќерка Фрида. Гордата мајка објави семејна фотографија на Инстаграм.



„На социјалните мрежи 95% од луѓето ќе ви честитаат за вашето дете и роденден. Ќе бидат среќни затоа што и вие сте среќни, но секогаш има такви што ќе пишуваат - како се осмелуваш, ти си баба. Ќе умреш пред детето да ти порасне“, вели Бригит.

Данската актерка се вери со Силвестер Сталоне за време на снимањето на филмот „Роки 4“. Двојката се венча на 15 декември 1985 година во Беверли Хилс, Калифорнија. Бракот траеше 19 месеци, а разводот беше постигнат во 1987 година.

фото: профимедиа

Бригит среќата ја најде кај своето помладо момче Матијас Деси, кој е 15 години помлад од неа. Актерката призна дека поради нејзиниот помлад сопруг отишла на пластична операција за да изгледа поблиску до неговата возраст.


Извор: zena.blic.rs