Како слави човек кој заработува 140.000 долари секоја минута? Дочек кај Џеф Безос на јахта (ФОТО)

Основачот на Amazon, Џеф Безос (57) и неговата девојка Лорен Санчез (52) ја дочекаа Новата година на забава покрај базен во Сент Барт.

Милијардерот и неговата девојка прилично се опуштија, придружувани од неговиот помлад брат Марк, синот на Лорен, Нико и поранешната НФЛ ѕвезда Тони Гонзалес.

Безос своите силни мускули на кои неуморно работи во последно време, ги истакна со свилена кошула, а на главата носеше очила за сонце во форма на срце.

„Значи, синоќа се забавувавме славејќи со луда диско забава со семејството, но Новата година е и одлична можност да се фокусираме на личниот раст, обновувањето, повторното раѓање и обрнувањето внимание на секој момент од животот. Добро и лошо. Славете и растете“, порача Безос на социјалните мрежи, а неговата заљубена девојка му го кажа следново: „Те сакам душо. Од сите причини и без причина“.

Тие двајца не се одвојуваа еден од друг и беа многу блиски, а последните неколку дена уживаат во секој заеднички момент на одмор. Досега планинареа, се сончаа на јахта и се занимаваа со многу други романтични активности.


Тој и неговите пријатели изнајмиле луксузна јахта на која може да преспијат до седум луѓе во главниот апартман, а има и две двојни кабини и две дополнителни кабини. Цената за изнајмување е од 38.000 до 42.000 долари од вечер, плус трошоци.


Фото: Инстаграм - Џеф Безос

На бившата ѝ плати 38 милијарди долари само за да биде со неа: Ова е новата жена на најбогатиот маж на планетата