Ќе ве растажи, но ќе ви всади надеж: И во најтешките моменти, Никола Роквиќ мисли и за другите

Српски фолк пејач, Маринко Роквиќ почина на 6 ноември на 68 години. Тажната вест за неговото заминување повторно ги обедини пејачите од целиот регион и голем број од нив преку социјалните мрежи се простија од музичката легенда.

Неговиот син, Никола Роквиќ на Инстаграм стори го објави некрологот на кој е известувањето за местото и времето на погребот. 

Пејачот ќе биде погребан на Новите бежански гробишта во четврток на 11 ноември, во гробницата покрај својот татко.

И во огромната болка и жалост, Никола мисли и на другите, па го сподели и апелот за помош на бебето Вања, која се бори за живот.

Инаку, Маринко почина како последица на долго и тешко боледување, а негова желба беше тоа да не го коментира во јавноста. Сопругата Славица цело време до последниот ден била покрај пејачот, а тој сакал да умре во семејната куќа.


Фото: Инстаграм/Никола Роквиќ/Youtube/screenshoot