Која е сребрената жена за која зборува целиот свет: Таа е на врвот на својата слава, а кога ќе слушнете зошто, ќе се воодушевите

Големиот светски познат шпански бренд неодамна вклучи модели од педесет, шеесет, седумдесет години во својата кампања. На овој начин, модната индустрија ги руши сите предрасуди и покажува дека жените се привлечни и во овие години. Тие се вистински пример за стил и вкус, а токму тоа е и Мари Софи Вилсон, која учествува во рекламите на овој бренд, и во моментов е жената за која сите зборуваат.

Убавината на Мари Софи Вилсон, жена над 60 години, веќе ги маѓепса познатите фотографи како Питер Линдберг, Марија Тестин, но и дизајнерскиот гениј Џон Галијано.

View this post on Instagram

A post shared by Marie Sophie Wilson (@fruitbat2000)


Во обид да ги категоризира моделите според нивниот изглед, модната индустрија ги нарече постарите модели „сребрени“ по нивниот заштитен знак - сивата коса која многумина избираат да ја носат.


Мари Софи Вилсон е една од нив и иако можеби не е позната на пошироката јавност, оваа жена со извонредна убавина веќе соработуваше со великаните на модата.

Таа беше редовна на пистите во текот на деведесеттите години, а работеше и со Марк Џејкобс.

View this post on Instagram

A post shared by Marie Sophie Wilson (@fruitbat2000)

Таа се обиде и во филмската индустрија - во 2005 година глумеше со Џони Деп во „Happily Ever After“.

И, исто така, го продуцираше и филмот за познатиот пејач Леонард Коен.


Фото: Профимедиа/Инстаграм