Мајка на две деца и модел: Која е убиената бугарска новинарка?

Добивај вести на Viber

Бугарската новинарка Викторија Маринова беше убиена на 7-ми октомври. Станува збор за храбра жена која работеше во областа на истражувачкото новинарство.

Телото на новинарката од Русе беше пронајдено вчера. Викторија Маринова била брутално претепана и силувана, а потоа задушена. Жената била и административен директор на теолевизијата во која работела.


 Во единствената епизода на емисијата „Детектор“, која неодамна ја презеде Викторија, новинарката зборува за корупција и злоупотреба на фондовите на ЕУ. 

Викторија Маринова беше една од најпопуларните новинари и телевизиски водители во Бугарија. Таа беше силен глас во земјата, која секогаш стои за апсолутна слобода на изразување. 

Маринова беше во среќен брак од кој има еден син и една ќерка.

Покрај новинарството, Викторија со својата убавина имаше афинитети и кон моделството и често пати беше заштитно лице на модни брендови.

На нејзиниот Фејсбук профил може да се забележи дека го сака авантуризмот и дека не се плаши од ништо.

Продолжува истрагата за суровото убиство, а властите работат на сите верзии. Не е исклучено убиството на Викторија Маринова да е поврзано со нејзината работа. Во моментов, сепак, сè уште нема притворени и осомничени, пренесуваат бугарските медиуми.


Фото: Фејсбук профил на убиената новинарка