Мал принц кој носи облека за кукли: Матео е роден помалку од пола килограм, а сега има седум месеци и тежи 1,6кг

Бременоста на мајката на Матео била предизвикана во 28-та недела, а тој е роден со тежина од 450 грама.

Матео Ридл сега е малечко бебе од седум месеци, иако многумина би рекле дека е новороденче врз основа на неговата тежина, тој е толку мал што носи облека за кукли, пренесува Youmama.rs.

Мама Џени Кук била принудена да роди во 28-та недела, а нејзиното бебе е родено со тежина од само 450 грама. По 98 дена минати на одделението за интензивна нега, тој бил пуштен дома, но лекарите немале јасна дијагноза за ова малечко бебе.

- Прво ни рекоа дека има микроцефалија, дека главата му е помала отколку што треба поради ненормален развој на мозокот. Ни рекоа дека неговиот мозок престанал да се развива, дека веројатно нема да живее долго и дека квалитетот на неговиот живот ќе биде многу низок – изјави мајката на малиот Матео.

Три месеци подоцна, дојдоа наодите во кои потврдија дека овој мал принц има ретка форма на џуџест раст, исконски џуџест тип 2.

Ова мало момче ќе може да има нормален живот, ќе може да оди на училиште, да се развива, да учи, да игра, но секогаш ќе биде мал. Сега тежи околу 1,6 килограми, а родителите му купуваат облека за кукли бидејќи и најмалите бројки направени за бебиња му се преголеми.


извор:najzena