Маркетите затворени, на бензиските гужва: Недела неработен ден, ако се работи мора и повисоки дневници

Законот за недела неработен ден, кој почна да се применува од 1 јануари ги затвори најголемите трговски синџири денеска во главниот град. Тоа созаде гужва за пазарење на бензиските станици кои секако работат и денеска. Затворени се и поголемиот број на дужани во моловите.

Поради законските обврски денеска е ден за одмор на околу 92 отсто од работниците. Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе добиваат двојно повисока дневница, односно дневница зголемена за 100 отсто.  А дополнително, 2 проценти од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки. Тоа најверојатно ги принуди сопствениците да ги затворат објектите.

Државниот инспекторат за труд соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.

Повеќе на Фактор.мк