Медицинска сестра која ги изгуби двете нозе во експлозија во Украина танцува со сопругот: Снимката го обиколи светот

Ова се Оксана и Виктор. Оксана е медицинска сестра од Лавов, има само 23 години и пред неколку недели во експлозија од мина ги изгубила двете нозе и четирите прсти на левата рака. Виктор е нејзиниот новопечен сопруг - се венчаа во болница неколку недели по несреќата, а снимка од нивниот прв танц го обиколи светот. 

Виктор и Оксана се венчаа во болничкиот оддел каде таа се опоравува од операцијата.

Оксана ги загуби нозете и четирите прсти на левата рака откако мина експлодираше под неа во источниот град Лисичанск на 27 март, Виктор бил со неа.

Медицинскиот тим од Лавов соопшти дека Оксана и Виктор оделе дома „по позната патека“ и таа се свртела да го предупреди нејзиниот иден сопруг, а потоа мината експлодирала. Тој останал неповреден, а Оксана била во смртна опасност и поминала четири операции пред да биде однесена во Дњепар каде продолжила да закрепнува.


Фото и Видео: Твитер