Мишел Обама призна дека се бори со депресијата: Има денови кога не сакам да станам од кревет

Поранешната прва дама на Америка, Мишел Обама од секогаш го привлекува вниманието каде и да се појави или што и да направи, но овој пат она што ја доведе во центарот на вниманието е тема со која многумина може да се поистоветат.

Имено, таа во втората епизода на својот поткаст „The Michelle Obama Podcast“ откри дека се борела со депресија од низок степен поради карантинот, кој го предизвика пандемијата на коронавирусот и поради сето она што довело и одело рака под рака со протестите против расизмот кои се одржуваа ширум Америка - #blacklivesmatter.

„Се борам со некој облик на депресија поради сето она што не окружува овие последни месеци“ - рече Мишел, која објасни како работела на тоа да и биде подобро, но дека имало периоди за време на карантинот кога едноставно не и се станувало од кревет.

Доколку и вие сочувствувате со Мишел Обама знајте дека правењето на пауза од социјалните мрежи и поминувањето време со семејството и пријателите многу помага. Како кажа и самата - ова помогнало и за нејзината ментална состојба.

Слушнете што уште кажа Мишел Обама за своите чувства:


Може да ве интересира:

ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Инспиративни цитати од Мишел Обама кои ќе ви го разубават денот