Мистер Бин во мега скандал: Си најде девојка- врсничка на ќерка му, а кога дозна таа, јавно се одрече од него

Насловна фото: Принтскрин/ youtube/ Is Rowan Atkinson the REAL Mr Bean?! | The Graham Norton Show | BBC America

Роуан Аткинсон, британскиот комичар и актер надалеку познат како Мистер Бин, пред извесно време го запали светот со скандал од неговиот приватен живот - пронашол 26 години помладa партнерка додека бил во брак!

Култниот Мистер Бин се ожени со Сунетра Састра во 1990-та година, со која се запозна во 1980-тите додека таа работела како шминкерка на телевизијата Би-Би-Си. Имаа две деца, а пред неколку години објавија дека се разведуваат - поточно британските медиуми објавија дека Роуан бил во тајна врска со актерката Луиз Форд (41). Скандалот беше уште поголем, бидејќи споменатата актерка е 26 години помлада од него.

„Сунетра беше длабоко вознемирена бидејќи беше заменета со толку помлада жена“, изјави тогаш непознат извор за Sun.

После тоа брзо се разведоа, рочиштето траеше само 65 секунди, а разводот беше потврден од судот врз основа на наводното „неразумно однесување“ на Аткинсон, иако на суд не беа дадени примери за истото.

На рочиштето не присуствуваа ниту Роуан, ниту Сунетра, кои поднеле барање за развод.

Неговата ќерка Лили толку многу му замери на својот татко што ја остави мајка ѝ, а колку била повредена говори и фактот што се реши на драстичен чекор, па го смени презимето, од Аткинсон во Састра, презимето на нејзината мајка.

Неговата сопруга добро се снајде по разводот, па остана во луксузен хотел во Лондон, проценет на 21 милион фунти, додека Роуан се пресели во викендичка вредна само четири милиони фунти, пишува „Мондо“.

Аткинсон е еден од најбогатите актери во Велика Британија, со проценето богатство од 70 милиони фунти.

Извор: zena.blic.rs