Моќни мантри кои 2022 година ќе ви ја направат најдобрата досега: Сè што ќе посакате ќе ви се оствари - само гледајте како животот ви се менува од корен

фото:freepik

Секое утро изговорајте ги овие зборови и гледајте како животот ви се менува од корен, бидејќи какви ви се мислите, таков ви е животот!

Истражувачи како д-р Брус Липтон и д-р Џо Диспенса докажаа дека нашите мисли, свесно или несвесно, имаат огромно влијание врз нашето тело. Значи, како мислиме, така ќе живееме, односно „Какви ти се мислите, таков ќе ти биде животот“.

Докажано е дека негативните мисли и верувања лошо влијаат на нашето тело и психа. Добрата работа е што овој принцип работи обратно. Позитивните мисли имаат корисен ефект врз нашиот ум, тело и ни помагаат да се чувствуваме подобро.

Сега е сосема јасно дека ние сме изворот на сè убаво и лошо во нашите животи. Ако со овие мантри го започнувате секој ден, полека ќе почнете да забележувате колку прекрасни работи ќе се случуваат, како поминува негативната енергија и како се менува вашиот поглед кон светот:

1. Нема да ги поистоветувам негативните мисли со срамот

Секој од нас почувствувал лутина, љубомора или бес. Кога ги имаме овие негативни чувства, важно е да ги запознаеме, разбереме и да поработиме на нив, за да растеме, наместо да бегаме од нив. Сепак, важно е и да си простиме себе си за овие чувства. Внатрешниот срам е исто толку штетен за свеста, колку и гневот однадвор.

2. Ќе ја барам и гледам убавината насекаде околу мене

Многу е важно да се препознае убавината. За среќа, тоа е насекаде околу нас. Тука е естетската убавина на луѓето, архитектурата, уметноста и природата. Исто така, постои убавина во однесувањето на човекот, силата, па дури и слабоста. Кога вежбаме очи за да ја видат убавината, треба да ја научиме разликата помеѓу гледање и видување. Всушност, кога гледаме со отворен ум, можеме да најдеме убавина и во најгрдите и најнезгодни работи.

3. Ќе дозволам да ми се случуваат добри работи и да ми дојде изобилство

Ако останеме отворени, универзумот е полн со енергија само чека да тече низ нас. Сè што треба да сториме е да бидеме духовно отворени.
Колку повеќе се отвораме кон позитивна енергија и духовно изобилство, толку ќе бидеме посреќни.


извор:stil.kurir