На 12-ти март требаше да наполни 33 години: Почина Марина, девојката за која се сплоти цела Македонија

На 12-ти март требаше да наполни 33 години...

Марина Ристова, девојката за која се сплоти цела Македонија почина. Младата Кавадарчанка ја изгуби битката со болеста. Пријателите и најблиските преку социјалните мрежи се збогуваат со неа:

„Драга моја и непрежалена Марина Ристова
Ти реков ... не се откажувај
Ти ми рече ... не можам повеќе
Ти реков...можеш и мораш!
Ми рече ... имам ужасни болки, ова моето трае долго време
Се надевам дека ништо нема да те боли таму каде што замина
Патувај до портите на рајот, најди мир и спокој, иако не беше за таму
Секогаш ќе се сеќавам на твоето насмеано и весело лице.
Почивај во мир мило дете“, стои во една од објавите.

Нека почива во мир.


Фото: Фејсбук профил - Марина Ристова