Најубавите епитети ги красат оние кои го носат ова име: „Жена која е предвесник на среќата“

Поради неутврденото точно потекло, постојат различни толкувања за значењето на ова име

Денес сè поголем број родители внимателно избираат име за своето бебе, а покрај значењето и потеклото, кои се пресудни фактори за да се земе предвид името, родителите се повеќе бараат тоа име да биде некако меѓународно, т.е. да биде лесно за изговарање и брзо за памтење.

За името Хана првенствено се смета дека потекнува од арапскиот јазик, други извори укажуваат дека потекнува од германскиот јазик, а некои дека потекнува од античкиот хебрејски јазик .

Меѓу некои спроведени истражувања, пронајдени се пишани документи кои покажуваат дека ова име е по потекло од муслиманско потекло, како и дека се наоѓало во стари турски и персиски списи.

Кога се разгледува арапското потекло на името Хана, неговото значење е - „умна и разумна женска личност“; „личност која е интелигентна“; „жена полна со знаење, доблести и искуство“; „разумност“ или „личност чија доблест е разбирањето“; „среќа“; „жена која носи радост и среќа“; „Жена која е предвесник на среќата“.