Наместо на меден месец, отидоа во војна: Потресна одлука на млад пар од Украина

Млад пар од Украина решиле да се венчаат кога Русија ја нападнала нивната земја. Но, наместо на меден месец, тие решија да одат во војна.

Нивната венчавка требаше да биде сосема поинаква. Како и секој пар кој го планира овој најважен ден за нив, тие сакаа да си кажат „да“ еден на друг во прекрасен амбиент, опкружени со семејството и пријателите. Но…

Тие се венчаа на денот кога Русија го направи првиот напад врз Украина

Церемонијата требаше да се одржи за неколку месеци. Меѓутоа, соочени со драматичните настани во Украина, оваа млада киевска двојка - Јарина Ариева и Свјатослав Гурсин, решија веднаш да се венчаат. Тие се венчаа во четвртокот кога Русија ја нападна нивната земја. Во црквата слушнале звук на сирени како одекнуваат.

„Тоа е најсреќниот момент во твојот живот, излегуваш од црква и го слушате тоа. Беше многу страшно“, вели 21-годишната Јарина, која се омажила за својот партнер во манастирот Свети Михаил.


Наместо на меден месец...отидоа да војуваат

По венчавката, тие се пријавија во Територијалните одбранбени сили, огранок на украинските вооружени сили кој главно се состои од доброволци.

„Мораме да ги заштитиме луѓето што ги сакаме и земјата во која живееме. Се надевам на најдоброто, но ќе направам се што можам за да ја заштитам мојата земја“, изјавила Јарина.


Можеме да претпоставиме дека Јарина научила да ја сака својата татковина дома. Нејзиниот татко, Володимир Ариев, е член на Врховната Рада (Парламентот) на Украина, а со младиот пар се вклучил во територијалната одбрана на својата земја.

„Господ да ве заштити, деца! Ќерко, знаев дека ќе пораснеш во патриот и бранител и дека ќе го избереш истиот маж. Со луѓе како тебе, Украина ќе ја победи ордата“, напиша Володимир Арјев на социјалните мрежи ден по свадбата.


Foto: Facebook/Volodymyr Ariev