Ништо не е ОК, сѐ е катастрофа: Цеца се изнервира од прашањето за Богдан-дали е крај на љубовната романса?!

Цеца Ражнатовиќ пристигна на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ скоцкана тип-топ, и во таа прилика одговори на прашањата на новинарите.

Бидејќи многумина се интересираат за деталите за нејзината врска со нејзиното момче Богдан Срејовиќ, изгледа дека на пејачката и е здодевно од ваквите прашања, па затоа даде ироничен одговор и вешто избегна подлабока приказна на оваа тема.

- Дали е се во ред со Богдан? ја праша новинарката.

- Ништо не е во ред, катастрофа - одговори Цеца, по што брзо продолжи на снимањето и не сакаше понатаму да зборува на оваа тема, на крај додавајќи: се шегувам.



Инаку, Цеца Ражнатовиќ за снимањето избра црвен комплет - јакна и панталони, салонки и чанта, а со себе донесе и широка насмевка со која ги маѓепса сите присутни.