Од идиличен брак до семејно насилство: Животот на Елена Велевска бил далеку од розов

Добивај вести на Viber

Тој не сакаше медиумски да се експонира, а таа во секое интервју повторуваше дека го има најдобриот маж на светот. Пред неколку години дури му посвети и песна. Елена Велевска денеска ја шокираше јавноста потврдувајќи дека се разведува, иако нејзините фанови имаа впечаток дека една од најангажираните македонски фолк-пејачки има идиличен брак.

- Тој гледа дека сум успешна во професијата и не сака да ми се меша во работата. Кога имам дилема во некој избор секако дека се консултирам со него. Во таа насока секогаш ми помага - изјави Велевска во едно интервју.

Не така одмна кога повторно беше прашана за нејзиниот животен партнер, новинарите ги почести со уште еден интересен одговор.

- Сите се чудат како прифаќа да остане со нашите три деца кога цел месец сум на турнеја надвор од државата. Со нашиот менталитет, таквите ситуации се навистина реткост - раскажа таа.

Дека нејзиниот живот бил далеку од розов зборува и фактот што Елена пред неколку часа во отвореното писмо што го сподели на социјалните мрежи упати сериозни обвинувања до човекот за кого секогаш зборуваше со суперлативи.

- Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај - напиша таа.

Атрактивната пејачка со Марјан има три деца, две ќерки и син.

- Да се биде мајка е едно од најубавите чувства за било која жена, тоа е едно големо признание и најголем епитет. Кога се станува мајка тоа значи дека не ти е тешко ништо да направиш за детето, тоа значи дека вложуваш во себе и во својата иднина. Апелирам до младите да не остануваат без деца, затоа што се е минливо, и младоста и кариерата - изјави Велевска во едно интервју.

Ѓ.С.