ОД УТРЕ ТОПЛИ РАДИЈАТОРИ - ќе биде ладно, има услови да се пушти парно, соопшти БЕГ

Од утре конечно топли радијатори.

Поради падот на надворешнитетемператури од утре, 7 октомври, започнува грејната сезона 2021/2022 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопшти компанијата.

„За ден 7.10.2021 година, се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија.Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од  11,8 степени целзиусови за Скопје за 7.10.2021 година од Управата за Хидрометеролошки работи“, се вели во соопштението од БЕГ.

Нагласуваат дека во моментов во 103 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона  да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Во околу 40 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, а во 63 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

Детали читајте на Фактор тука.