Од Вухан до Омикрон-битката продолжува: Лекарите кои лично се соочија со болеста отворено за физичката болка и за стравовите, д-р Чадиковски и д-р Камнар за Фактор

Зад нас е уште една пандемска година, а веднаш на прагот на новата 2022 светот има нов предизвик. До кога? Едноставно прашање кое речиси секојдневно провејува во мислите на секој човек. До кога?-Ниту најголемите умови на денешницата немаат одговор на ова прашање. Одговараат кусо „борбата продолжува“. А во секоја мала или голема битка има херои. Во нашата современа и досега воопшто позната на човештвото, најсофистицирана борба, против двегодишниот невидлив, непознат непријател, нашите хероите се облечени во бело-лекари, медицински сестри, болничари.... Никој не ја знае нивната супер моќ, но се борат беспоштедно, цели две години. Се борат за секој човечки живот, за пациентите кои го бараат последнит здив, за стотиците на одделенијата за интензивна нега...Но дури и тие со нивната супер моќ, за жал, во даден момент потклекнуваат пред вирусот, бидејќи човештвото гледа дека Ковид-19 не бира...Ова е приказна за сите наши херои облечени во бело.

Како дел од нив ја поминаа болеста, за што размислуваа додека им минуваа деновите со температура, деновите во кои чувствуваа болки по целото тело, за Фактор отворено сведочат детскиот кардиохируг д-р Владимир Чадиковски и д-р Виктор Камнар, специјалист по ортопедска хирургија. И двајца велат дека дури и сега по цела година од инфекцијата со корона вирусот, уште ги чувствуваат последиците.

-Toчно една година помина откако лично го доживеав искуството со прележување на корона вирусот, Ковид-19. Заболевме сите од моето потесно семејство, и сопругата и децата. Кај мене текот на болеста беше со поблага симптоматологија и без драматична клиничка слика, сосема слично како и кај моите деца, но за жал мојата сопруга го помина многу потешко. Имаше и наод на белите дробови. Ова беше период што траеше повеќе од еден месец, во кој и покрај секојдневните проблеми, температура, кашлање, главоболки, целото мое семејство се соочуваше и со стравот-што понатаму. И за нас лекарите, барем лани, SARAS Cov-2 беше болест-енигма, непозната целосно, со неверојатно различни клинички слики од пациент до пациент, непредвидлива до крај. Кога мислиш дека станува подобро, човекот го снемува за само неколку минути. Дури и сега по повеќе од една година уште имам некои последици, не ми се вратени целосно ниту мирисот, ниту вкусот. А во првите неколку месеци од прележувањето, чувството на замор, понекогаш и потешко дишење не ме напушти. Затоа апелирам до секој човек да се вакцинира, сите треба да разберат дека вакцинацијата против корона вирусот е клучна. Не од аспект дека корона вирусот ќе се искорени до крај. Инфекции секако ќе има, се виде дека ниту вакцините не ја даваат онаа 100-процентна заштита дека никогаш нема да се заразиме, но барем нема да бидеме сведоци на оние слики кога луѓето се бореа очајнички да го земат последниот здив. Болеста ќе се сведе на лекување дома, а не на ставање на респиратори стотици пациенти, посочува д-р Камнар.

Со многу потешка клиничка слика, со пневмонија и со температура цели десет дена, ковид-19 го прележува и д-р Чадиковски. 

Прочитајте на Фактор.мк