Оливија Њутн Џон по трет пат го победи ракот: Ѕвездата на „Брилијантин“ сподели како се изборила

фото:printscreen

Ѕвездата на „Брилијантин“, седумдесет и тригодишната актерка пред четири години за австралиските медиуми, потврди дека по трет пат ѝ откриле тумор, овој пат на 'рбетот.

Како што изјави тогаш, покрај радиотерапијата се лекувала и со природни методи, а во текот на процедурата на лекување се трудела да остане оптимист. Освен тоа, била сигурна дека и овојпат ќе ја добие битката со оваа лоша болест.

Оливија првпат добила рак на дојката во 1992 година, додека втората битка била со тумор на рамото, пред девет години.

Поради нејзините здравствени проблеми, таа одлучи да ги искористи својата слава, пари и влијание за да го основа „Центарот за истражување на ракот Велнес и Оливија Њутн-Џон во Мелбурн, Австралија“, кој има над 200 клинички испитувања во тек. 

Во интервју за NHK World Japan, таа разговараше за трите дијагнози и борбата против ракот, откако ја доби наградата од јапонската влада за „музика, култура и пријателство“.

Оливија, која сега има 73 години, е цврст застапник на холистички пристап кон здравјето и животот - односно се лекува човекот, а не болеста.
Нејзиниот сопруг Џон е експерт за билни додатоци, кој со години ги истражува џунглите во амазонската прашума.

Оливија зборуваше и за нејзината наклонетост кон капење во шумата, медитација и задржување на благодарност без оглед на тоа што ѝ „сервира“ животот.


извор:najzena