Омилената намирница на Јелена Ѓоковиќ: Ве држи сити, а не дебелее

Добивај вести на Viber

Омилената житарка на Јелена Ѓоковиќ која секојдневно е на нејзиното мени изобилува со витамини и минерали кои на телото му ја даваат потребната сила.

Многу се зборуваше и пишуваше за исхраната на Новак и Јелена. Новак од исхраната го исфрлил месо, што му помогнало да го зачува здравјето и физичката форма, па на 34 години играше нереално тежок тенис, пишува Story.hr.

Една од намирниците која е незаменлив дел од исхраната на семејството Ѓоковиќ е киноата. Киноата не дебелее и е составен дел од оброкот на Јелена Ѓоковиќ и нејзиниот сопруг. Киноата се нарекува „злато на Инките“ и „кралица на семињата“. Античките цивилизации ја сметале оваа житарка за свето растение.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)



Киноата содржи големи количини на протеини, поради што може да се натпреварува со производите од животинско потекло. Богата е со витамини Е, Ц, калиум, разни минерали, амино киселини и есенцијални масла. Народната медицина ја користи за лекување на гихт, тумори, хемороиди и ишијас.

Исто така е одлична замена за месото. Доколку постите или сте вегетаријанец, задолжително вклучете ја киноата во исхраната. Киноата е богата со влакна, кои се неопходни за правилно функционирање на цревата. Ако се додаде во зелка, компир или друг зеленчук, ќе ја почувствувате полнотата на вкусот што се добива само со готвење месо.

Корисни својства се витамини и амино киселини кои го подобруваат метаболизмот, го чистат телото и ја нормализираат неговата функција. Бидејќи киноата нема специфичен мирис, во јадењата се додаваат лук и кромид, како и други зачини.


фото: инстаграм