Опра, Ријана, Бијонсе, но и една која благодарение на разводот го зазеде првото место: Кои се најмоќните жени на светот?

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најмоќни жени за 2021 година, а првото место ѝ припадна на поранешната сопруга на вториот најбогат човек на светот...

„Форбс“ во вторникот ја објави својата годишна листа на највлијателни луѓе во оваа година, а на таа листа се најдоа и 15 жени од областа на медиумите, глумата и музиката.

Според пишувањата на магазинот „Форбс“, Мекензи Скот, поранешната сопруга на вториот најбогат човек Џеф Безос, била една од трите најбогати жени на светот, со богатство од 59.4 милијарди долари.

фото: PROFIMEDIA

Во текстот за најмоќните жени на светот, пишува дека Скот по разводот од Безос добила огромни финансиски средства, но и дека по одлуката дека ќе ги донира, ја добила титулата најмоќна жена во 2021 година.

„Пред три години Мекензи Скот беше авторка, сопруга и мајка на четири деца, која ја покрена групата за борба против злоставувањето, а во 90-тите му помогна на својот сопруг да го лансира „Амазон“.

Остана во сенка, но потоа се разведе од Џеф Безос, доби четвртина од неговото сопствеништво во Амазон и уште веднаш почна со плановите да сѐ ќе даде. „Имам голема количина на пари за да поделам“ - напиша во мај 2019 година кога го потпиша договорот за подарок со збор дека половина од своето богатство ќе го даде во добротворни цели“ - пишува МекГрат.

View this post on Instagram

A post shared by Forbes Mulher (@forbesmulher)

„Скот не само што почна да го исполнува својот збор, туку тоа го направи со рекордна брзина и со потполна контрола каде ќе одат нејзините пари. За нешто повеќе од две години, Скот, која вреди 57 милијарди долари, даде 8.6 милијарда долари за 780 организации кои се занимаваат со прашања кои ја вклучуваат половата рамноправност, расната правда и јавното здравство.“

Втора на листата е потпретседателката на САД, Камала Харис, а трета е претседателката на централната банла Кристин Лагард. На листата се и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси, директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева, кралицата Елизабета Втора, но и Серена ВИлијамс, Бијонсе и Ријана.

View this post on Instagram

A post shared by @fantashafit

Така, популарната пејачка Ријана, која неодамна беше прогласена за национален херој на републиката Барбадос, го зазеде 68-мото место на листата.

фото: PROFIMEDIA

„Форбс“ исто така откри дека пејачкта, најпозната по песната „Diamonds“, сега е милијардерка, благодарение на нејзината линија „Fenti Beauty“. Во косопственост на францускиот луксузен продавач „LVMH“, бредот за убавина заработил повеќе од 550 милиони долари приход во 2020 година.

Бијонсе се рангираше на 76-тото место на листата на „Форбс“. Овој бизнис магазин најголема заслуга ѝ препиша на поранешната пејачка на „Destiny's Child“ за вкупно 250 милиони долари.

фото: SHUTTERSTOCK

На 78-мо место се најде младата кантавторка Тејлор Свифт, која оваа година собори повеќе музички рекорди. Нејзиниот албум „Folklore“ од претходната година стана првиот албум во годината кој е продаден во милион примероци.

фото: PROFIMEDIA

Кога се во прашање медиумите, на листата предводи американската ТВ водителка, актерка и филмска продуцентка Опра Винфри, чија вкупна вредност се проценува на 2,6 милијарди долари, со што го зазеде 23-тото место на листата на „Форбс“.

фото: LFI/PHOTOSHOT / AVALON EDITORIAL / PROFIMEDIA

Актерката Риз Витерспун го зазеде 74-тото место, откако во август оваа година беше купена нејзината компанија, по проценета вредност од 900 милиони долари.

фото: SHUTTERSTOCK

насловна: SHUTTERSTOCK