Oставија без текст со модните комбинации на свадба: Новак издоминира, Јелена не се потрудила, ама се фати за микрофонот (ВИДЕО-ФОТО)

Интересно е што за сите овие години никој никогаш не се занимавал со модниот избор на Новак Ѓоковиќ. Се разбра дека на него секогаш има вредни спортски парчиња, часовник кој чини барем едно поголемо студио во центарот на Белград.

Но, никој не се осмели повеќе да зборува за неговиот начин на облекување за приватни цели, без разлика дали одговара или не со чевлите и очилата или со кошулата и јакната.



Уникатна можност малку повеќе да се забавуваме со оваа тема е создадена викендов на денот на свадбената веселба на кумот на Новак и Јелена Ѓоковиќ, Невен Марковиќ.

Тенисерот и неговата избраничка се појавија на забавата организирана во хотелот „Павлион“ во Дорчол, ќе заклучат многумина, како Јелена да оди на прошетка низ град, а Новак на дневен коктел. Отсуството на елегантни фустани, штикли или свечено одело во случајот на Новак, говори во прилог на тоа што брачната двојка не издвоиле многу време за оваа важна церемонија. Јелена не се ни потрудила да ја среди косата во тоа име, па само ја собрала косата во неформална пунџа.



Иако, мора да напоменеме дека славниот тенисер повеќе се потрудил во стајлингот отколку неговата сопруга. Врз основа на се, да се заклучи дека Новак и Јелена не се водат од народната поговорка дека „Кумот не е копче“ или можеби грешиме. Можеби кумот инсистирал на лежерност, па се труделе да го почитуваат тоа. Во секој случај, облечени во ленени парчиња облека, двајцата како и секогаш беа модно усогласени.

Имено, Јелена се фати за микрофонот и го испеа хитот на Цеца „Доктор“, додека гостите уживаа во нејзиниот глас, играа и пееја со неа.

View this post on Instagram

A post shared (@novakdjokovickingoftennis)



Насловно фото: Printscreen Instagram/ATA Images