Овие Русинки го шокираа светот во 2002: Сега ниту родена мајка не би ги препознала – Јулија и Лена се непрепознатливи

Познатата руска група t.A.T.u, која го освои светот во 2002 година со големиот хит „All the Things She Said“, најави повторно обединување и враќање на сцената 22 години по основањето, и 10 години по распадот на бендот.

Да потсетиме, членовите на бендот Лена Катина и Јулија Волкова се декларираа како лезбејки, и тие беа првиот таков пар на естрадата. Тие беа и претставници на Русија на Евровизија, и редовно ја заинтригираа публиката со бакнежи и милувања ... Неколку години подоцна, тие признаа дека се‘ било добро осмислен маркетинг потег, и дека и двете всушност се хетеросексуални ориентирани.

Секоја од нив тргна по својот пат во 2011 година кога бендот се распадна и Лена и Јулија започнаа соло кариера. Сепак, некое време потоа, тие настапија заедно и ги изведуваа хитовите што ги направија славни.

Интересно е што тие не биле во контакт со години, а црнокосата Јулија и замери на својата поранешена колешка што ниту еднаш не и се јавила додека водела жестока битка со ракот на тироидната жлезда. Патем, Јулија посочи дека медицинската грешка за време на операцијата оставила трајни последици на нејзините гласни жици, што ја оневозможило да пее.


„Многу луѓе блиски до мене ме напуштија. Кога го слушнаа мојот глас по операцијата, кога не можев ниту да зборувам, сфатија дека повеќе не им требам и престанаа да ми се јавуваат. Никој не ми се јави, дури ни Лена", рече Јулија за британскиот "Мирор" тогаш.


Но, очигледно, тие сега ги надминаа несогласувањата, имајќи предвид дека и двете објавија дека повторно ќе се соберат на пролет 2022 година.

Љубовниот живот на Јулија беше исто така многу бурен и често несреќен ... Во 2004 година, таа роди ќерка, Викторија, со оженет маж, од кого наскоро се раздели. После тоа, таа беше со неколку други богати и славни Руси, а исто така беше во брак со бизнисменот Парвиз Јасинов, со кого има и син, Самир.

Во една емисија, таа изјави дека нема да има проблем ако нејзината ќерка признае дека е лезбејка, но дека би и засметало ако син и е хомосексуален.

„Мажот мора да биде вистински маж. Две девојки заедно се нешто друго, тие се многу поубава глетка од двајца мажи што се бакнуваат или држат за рака", рече таа тогаш.

Исто така, интересно е што Јулија денес изгледа сосема поинаку отколку кога стана славна - сега форсира секси издание, има премногу долги екстензии на коса, бројни тетоважи и ги зголеми усните. 


Во 2010 година, таа ја промени верата и премина во ислам, но седум години подоцна се врати на своите корени, односно православието. 

За разлика од Јулија, црвенокосата Лена води прилично тивок живот без поголеми пресврти. По распадот на бендот, таа се врати на колеџ и доби диплома по психологија, а во исто време продолжи да гради пејачка кариера.


Во 2013 година, оваа прекрасна дама се омажи за словенечки музичар со српско потекло, Саша Кузмановиќ, со кого има син Александар, но во 2019 година, двојката стави крај на бракот.

Лена го задржа својот природен изглед, а сепак гордо носи карактеристична црвена боја на коса.


Фото: Профимедиа/Инстаграм