По 12 години Бритни Спирс бара нејзиниот татко да не биде нејзин старател: Сака сама да управува со својот живот

Овластувањата на старателот вклучуваат ограничување на посетителите, регрутирање на старатели за Бритни, назначување чувари и контактирање на медицинскиот персонал во врска со какво било лекување со Бритни, откриваат новите документи

Американската пејачка Бритни Спирс (39) побара од судот во Лос Анџелес менторката Џоди Монтгомери да ја преземе улогата на нејзин главен старател.

Имено, 39-годишната пејачка е под старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс од 2008 година по нејзиниот нервен слом, што значи дека тој имал контрола над нејзините финансии, животот, како и нејзината кариера веќе 13 години.

Таа неодамна поднесе тужба пред судот во Лос Анџелес, а во новите правни документи се вели дека Бритни сака нејзиниот татко да се повлече од позицијата главен старател.

„Поп принцезата“ наводно сакала нејзиниот ментор Џоди да ја преземе улогата на главен старател.

Во септември 2019 година, Џоди привремено ја презеде улогата на главен старател над Бритни, во време кога нејзиниот татко Џејми Спирс имаше здравствени проблеми.

Тоа би значело дека таа ќе биде одговорна за личните одлуки на Бритни. На оваа позиција, Џоди би соработувала со Бритни на дневна основа и би била одговорна за благосостојбата на пејачката. Новите правни документи детално ги опишуваат овластувањата на главниот старател.

Овластувањата вклучуваат ограничување на посетителите, регрутирање на старатели за Бритни, назначување чувари и контактирање на медицинскиот персонал во врска со секој третман со Бритни.

Што се однесува до ограничувањата на посетителите, ова го исклучува пристапот на Бритни до адвокатите што таа може да ги види во секое време кога ќе и бидат потребни.

Џејми сепак ќе остане на позицијата друг конзерватор кој заедно со „ Bessemer Trust“ ќе се грижи за нејзините деловни и финансиски прашања.

Следното рочиште за старателството над Бритни ќе се одржи на 27 април годинава.


Фото: YouTube printscreen /Luminous Productions