По 18 часа живо спасено и второто момче од Скопје од тројцата исчезнати во морето на Халкидики: Се трага по третото момче

Крајбрежната стража на Грција потврди дека по 18 часа упорно трагање, екипаж на товарен брод, кој пловел под знамето на Гибралтар, успеале да го спасат и вториот од вкупно тројцата млади момчиња кои вчера силниот ветер и морските струи за кратко време ги однесе на отворено море, пишува Tanea.gr. 

Грчките медиуми утринава јавија дека сите тројца се од Скопје, на возраст од 25, 28 и 30 години. Првиот, најјмладиот, 25 –годишниот е спасен уште вчера, неколку часа по исчезнувањето. Сурфери го извлекле околу 19 часот по локално време.

Спасувачката операција и понатаму трае по третиот, 28 годишниот млад човек. Вклучени се крајбрежната стража на Грција, приватни чамци, рибари и волонтери.

Инаку момчињата вчера попладне откако славеле роденден, влегле во морето и според очевидци, за секудна исчезнале од пред очите на останатите. Тие биле однесени од силните бранови и морските струи во област, која според локалното население е исклучително опасна, заради силината на ветрот.

ТРОЈЦА МЛАДИ МАКЕДОНЦИ ИСЧЕЗНАА ВО МОРЕТО НА ХАЛКИДИКИ: По роденденска прослава скокнале во морето и ги однеле брановите, во тек е голема потрага со хеликоптери и бродови