Поетеста Јасмина Јошевска одржа хуманитарен настан со промоција на нејзината најнова книга „Анатомија на речта"

Добивај вести на Viber

Поетесата Јасмина Јошевска во неделата ја промовираше нејзината најнова книга „Анатомија на речта“, а самата промоција имаше хуманитарен карактер.

Собраните пари од продажбата на книгата ќе се донираат за купување на апарат за децата со цистична фиброза за Клиниката во Скопје. Ова е трет хуманитарен настан на Јасмина во Скопје, а нејзина 11 објавена книга.

„Почетокот на промоцијата беше посветен на жртвите од Кочани и групата ДНК кои загинаа во страотниот пожар, а со тоа им оддадов почит на луѓето кои требаше да бидат дел од тој настан на претходно договорена дата и заедно да го славиме мојот роденен. Достојно се надевам тивко и гласно повикав за многубројност за да можам ова дело да го направам пристојно“, изјави Јасмина за Женски магазин.

На самата промоција свое обраќање со извадоци од книгата „Анатомија на речта“ имаа водителката Сузана Турунџиева, актерката Катерина Шехтанска, а дел од настанот беа и Филип Пецовски, Димитрина Мицкоска, Костадин Петрушев, Мартијан Кириловски, Ивана Мангароска, Весна Синадиновска, Марија Котеска, Рамадан Рустемов.

Во знак на благодарност на крајот од настанот, авторката Јошевска им подари „Златна плакета за хумана дејност“ на сите оние кои беа дел овој настан.

„Анатомија на речта“ е книга која ја одразува автентичниот глас на современата македонска поезија. Јасмина Јошевска со своите стихови пренесува искрена емоција и силна посветеност кон уметноста, создавајќи поетска структура која не само што ги истражува длабоките слоеви на човечкото искуство, туку и го открива најсуптилните и најнепознатите аспеки на човековото постоење. Нејзините стихови носат свежина и искреност, кои се основни карактеристики на нејзиниот поетски стил“, ова е дел од реценсзијата на Денис Бојаров.