Покажа чевли од 1.000, а потоа и чанта од 3.000 евра: Цеца Ражнатовиќ се пофали со скапоцени парчиња! (ФОТО)

 Цеца се „поднови“

Бидејќи важи за една од најуспешните жени на Балканската естрада, Цеца Ражнатовиќ многу се грижи за својот изглед, но и за парчињата облека кои редовно ги купува и за кои „не жали за парите“.

Пејачката неодамна се пофали со скапи чевли од 1.000 евра, а сега и со чанта од светски познатиот бренд „Шанел“, чија вредност е околу 3.000 евра.

Цеца на својот Инстаграм сподели слика од чантата и чизмите кои ќе ги искомбинира со неа, а каков гардеробер ќе избере со нив останува да видиме. 

Откако пред неколку дена на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ се појави во црвено палто, многумина дојдоа до заклучок дека ова е еден од омилените тонови на пејачката.


Фото: Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ