Порасна синот на Јелена Јованова: Мама и Јаков на море

Порасна синот на актерката Јелена Јованова Периќ. 

Убавата актерка ретко споделува фотографии од приватниот живот. Но вчера откри дека со синот Јаков уживаат на море близу островот Брач. Фотката што ја сподели актерката на Инстаграм стори е како вистинска разгледница. Сонце, море, плажа, актерката, малиот Јаков и љубовта помеѓу мајка и син која може да ја види секој на фотографијата.

Инаку, таа заедно со сопругот Стјепан, кој исто така е актер, веќе неколку години живее во Загреб. 

Јелена е особено позната кај нас по нејзината улога како Јелена од Драчево од серијата „Преспав“, но исто така публиката ја памети и како актерката која успеа вешто да ја сокрие бременоста од јавноста. 

Таа често доаѓа во Македонија, особено во периодот кога снима за хумористичната серија „Преспав“. 


Фото: Инстаграм - Јелена Јованова Периќ