ПОСЛЕДЕН ПАТ МИ ПИША ВО 4 ЧАСОТ ПОПЛАДНЕ, НЕ ЗНАМ ДАЛИ Е МРТВА ИЛИ ЖИВА: Роднини попусто бараат одговори

-Никој ништо не ни кажува, цело време вртиме на телефон, никој не ни се јавува. Мојата сопруга беше во автобусот, заедно со сопругата на мојот брат. Последен пат ми пиша во 4 часот вчера попладне, кога требало да тргнат. Од тогаш не сум и го слушнал гласот, ништо, вели Беким Алити кој од утрово е пред претставништвото на Беса транс во Скопје чекајќи информации за неговата жена. Не знае дали е жива или мртва. Вели дека ниту некој од надлежните не му кажал ништо.

„Агенцијата да ја отвори да каже. Плус бевме во амбасада и во Министерствотото. Вртевме но ништо, никој не ни дава никаква информација. Тргнаа во 4 часот, кога ми напиша кога ќе стигне. Го видов списокот но не пишува кој е жив а кој е мртов. Ако даде Бог да биде жива. Трагедија, отидоа да прошетаат и не се вратија, вели Беким Алити.

Повеќе на Фактор.мк

ПОЛИЦИЈА ПРЕД БЕСА ТРАНС, АГЕНЦИЈАТА ЗАТВОРЕНА: Роднини на настраданите се собираат