Потрошила сè што заштедила за да личи на Барбика: „Моето семејство не разговара со мене за тоа што го направив, но тоа не е сè“

Пред три години таа имала момчешки изглед, па се претворила во предимензионирана кукла Барби и потрошила премногу пари на тоа, но тоа е само почеток.

Џесика (21), девојка од Германија која живее во Австрија, отсекогаш сонувала да стане Барбика во човечки облик, уште откако ги држела овие мегапопуларни кукли во раце.

Таа на Инстаграм е позната како „Jessy Bunny“ ѝ е горда на тоа. Сепак, таа не може да го игнорира фактот дека целото семејство ја игнорира поради драматичната физичка трансформација.


„Го добив телото од соништата, но тоа имаше цена. Го платив со семејството. Многу е тажно затоа што би сакала да бидам во контакт со нив, особено со брат ми, баба ми и дедо ми“, им се пожалила Бани на своите придружници. .

Таа признава дека платила за три корекции на градите, го наполнила задникот, го оперирала носот и неколку пати си вбризгала филери во усните за да ѝ бидат големи и полни. Збунета е од реакцијата на семејството, бидејќи сега, вели, е среќна, а претходно не била.


„Порано се преправав дека сум среќна и цврста, но тоа не бев јас. Моите родители се многу конзервативни, отсекогаш биле такви во текот на моето образование. Секогаш кога носев секси облека во лето, тоа им беше ноќна мора.Ми даваа свилените марами за да ми го покриваат деколтето“, се присетила Џесика.


Инаку, Џесика неодамна на Инстаграм откри дека планира уште некои естетски операции.


„Имам намера да станам уште побујна без оглед на реакциите на моите родители. Едноставно не ми е доволно да имам најголеми силиконски гради во Австрија. Сакам да ги имам најголемите усни во целата земја", рекла девојката, а пренесуваат од „Dejli meil".


Фото: Инстаграм