Позираше гола и рече: Се збогувам ...

Фото насловна: Profimedia

Талула Вилис, ќерката на Брус Вилис и Деми Мур, на својот Инстаграм профил објави необична фотографија и чуден опис под фотката.

Најмладата ќерка на поранешна славна холивудска двојка позираше целосно гола во позиција на фетус, завиткана на тревата.

- Се збогувам со овие sидови во кои цветаше љубовта, пријателите станаа семејство, животните доаѓаа и заминуваа, празниот простор и срамежливоста родија непознато задоволство во дизајнот на ентериер - започна 27-годишната Талула, која како и нејзините две постари сестрите Скаут и Румер, се бореа со зависноста. 

- Го допрев дното помеѓу овие sидови, поставувајќи безгласни прашања од кои ме лажат морници денес. Ја обвинував куќата и сакав да побегнам. Но, среде сите нејзини трансформации и мојата фризура се менуваше, се чувствувам комплетно. Како заљубена жена која секој ден се бори за среќа и зборува погласно отколку што некогаш мислеше дека може. Така, ќе го земам тоа што ми треба, остатокот ти го оставам тебе, сладок доме, бидејќи има уште многу што да проживеам - мистериозно порача Талула.

View this post on Instagram

A post shared by tallulah (@buuski)


Актерите Брус Вилис и Деми Мур долго време беа еден од најпопуларните парови во Холивуд, и иако нивниот брак не траеше, тие останаа добри пријатели. Ги воспитуваа своите ќерки заедно и денес често поминуваат време заедно.


Фото: Инстгарам/