Познатата манекенка на 22 години доживеа мозочен удар: Падна во кома, едвај преживеа и се разбуди парализирана, сега повторно научи да оди

Рекла дека се разбудила мислејќи дека има 13 години и дека не се сеќава како завршила во кома. Сега е среќна, но патот не бил воопшто лесен

Поранешниот модел Ким Косановиќ (26) пред четири години доживеа мозочен удар, падна во кома, едвај преживеа и се разбуди парализирана. Закрепнувањето било тешко и таа се‘ уште живее со последиците. Сепак, таа денес е задоволна и среќно заљубена и не жали за својата манекенска кариера.

Во 2017 година Ким беше една од најуспешните хрватски модели. Добро заработуваше, спиеше во најдобрите хотели и јадеше во врвни ресторани. Се предвидуваше дека нејзината кариера само ќе напредува и се чинеше како ништо да не и застанува на патот.

За жал, за време на одмор во Подгорица, Црна Гора, таа се онесвестила откако и пукнала артерија во мозокот. Откако пријателите ја однеле во болница, лекарите им рекле да ги повикаат нејзините родители. Мислеле дека нема да го доживее утрото.


- Во вакви критични случаи на лекарите им е важно само пациентот да преживее. Како ќе бидете подоцна не е толку важно. Мајка ми се погрижи за тоа – изјавила Ким за RTL.

Таа вели дека се разбудила мислејќи дека има 13 години и не можела да се сети како завршила во кома. Лекарите не мислеле дека ќе ги препознае родителите кои дошле од одмор од Корчула за да бидат со нивната ќерка. Нејзината мајка ѝ помогнала да се опорави и ја принудила да вежба множење, делење и решавање загатки во болница.

- Ништо друго не знаев, ниту што правам, ниту што прават тие. Ништо не се сетив – изјавила Ким за 24сата и додала дека се натерала да се сети што точно и се случило.


- Добро и брзо се опоравив. Секако, ние луѓето какви што сме, би сакале побрзо да учиме, подобро да паметиме и затоа ми е доста тешко на факултет. Иронијата е што не се сеќавам добро, а за да закрепнам треба уште повеќе да научам – опишала поранешната манекенка.

Извесен период додека се‘ уште беше во болница, жалела по светот на манекенството и сакала да му се врати. Наскоро сфатила дека тоа не е за неа и сега се чувствува како да станала подобра и помалку површна личност.


- Мојот живот целосно се промени. Од површна личност созреав во некој кој е потопол, поемпатичен и посвесен за луѓето околу мене. Јас сум подобар и попристапен човек - вели студентката Ким која сега е способна да учи и која се запиша на факултет.

Таа смета дека нејзината поранешна кариера и „гламурот“ со кој била опкружена е во нејзиниот минат живот. Нејзината несреќа беше нејзиниот начин да се роди повторно.


Фото: Инстаграм/Ким Косановиќ