Принцезата Шарлин побегнала со милијардер?! Принцот Алеберт тврди дека има ментални проблеми и се лекува

За време на лекувањето, принцезата Шарлин се зближила со поранешниот вереник на супермоделот Наоми Кембел, рускиот милијардер Владимир Доронин, кој наводно ѝ помогнал да ја надмине брачната криза

Принцезата Шарлин моментално се лекува во институција надвор од Монако, што го откри нејзиниот сопруг принцот Алберт откако повторно ја загрижи јавноста со нејзиното исчезнување.

Само неколку дена по враќањето од Јужна Африка, каде помина 10 месеци, таа повторно морала да се раздели од сопругот и нивните шестгодишни близнаци Габриела и Жак бидејќи била физички и психички исцрпена и сфатила дека ѝ треба помош. 

Сега е откриено кој ја поддржува за време на лекувањето, рускиот милијардер Владимир Доронин, кој е познат и како поранешен свршеник на супермоделот Наоми Кембел.

„Шарлин и Владимир се во контакт и поминуваат многу време заедно“, изјави извор за „The Sun“.

„Изгледа дека нашла поддршка во него за време на нејзините брачни проблеми“, додал изворот.

За проблемите во бракот со принцот Алберт постојано се шпекулираше за време на нејзиниот престој во Јужна Африка, а многумина се сомневаа дека таа ќе му се врати, но тој упорно и остро ги демантираше тие гласини.

„Веројатно ќе го кажам ова уште неколку пати, но се е во ред со нашиот брак. Сакам да го појаснам тоа", изјави Алберт за People минатата недела, додавајќи дека нејзината моментална состојба е резултат на неколку фактори, кои се приватни.

Не беше подготвена да се носи со сите обврски и беше видно исцрпена“, потенцираше тогаш принцот.

Имено, Шарлин на почетокот на септември итно била примена во јужноафриканската болница откако се онесвестила поради компликации предизвикани од инфекцијата.

Но, нејзиниот брак со Алберт ја заинтригира јавноста уште пред наводното бегство за Африка, а познато е дека таа се омажила за него во солзи, откако дознала за неговото вонбрачно дете.

Интересно е и тоа што на нивната венчавка бил Владимир, кој сега е поврзан со принцезата, а во тој период се‘ уште бил во врска со Наоми, која му била придружничка и која со текот на годините се дружела со кралската двојка. 

Инаку, Доронин и Кембел беа во врска пет години, а Наоми по таа врска се пресели во Москва.


Фото: Профимедиа

Принцезата Шарлин не е добро: Однесена на лекување на тајна локација- на децата им недостасува многу