Принцот Хари и Меган Маркл бараат нов дом, а ова е дестинацијата која ја избрале

Моментално живеат во вила во Калифорнија вредна речиси 15 милиони долари

Британските медиуми објавија дека принцот Хари и Меган Маркл бараат нов дом, а идеална дестинација за друга адреса е Њујорк и стан во близина на Обединетите нации.

Наводно, принцот Хари и Меган Маркл би го користеле станот во Њујорк како свој втор дом.Инаку, војводата и војвотката од Сасекс моментално живеат во вила во Калифорнија вредна речиси 15 милиони долари. Тие се преселиле во луксузен кварт во Монтесито во јуни 2020 година, само четири месеци откако решиле да почнат да живеат подалеку од Лондон и кралското семејство.

Сега британските медиуми пишуваат дека сакаат да имаат уште еден имот, во Њујорк, по можност во источниот дел на Менхетен во близина на Обединетите нации.

Војводата и војвотката беа во Њујорк во септември минатата година, но потоа како гости, кога ги посетија Обединетите нации и се сретнаа со Амина Мохамед, заменик-генерален секретар на ОН.