РЕДИЦИ ПРЕД ПРИВАТНИТЕ ЛАБОРАТОРИИ, СКОПЈАНИ СЕ ТЕСТИРААТ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Тешко до термин за ПЦР

Скопјанка која имала контакт со заболен на дочекот на Нова година, а по неколку дена и симптоми мораше да се тестира во Свети Николе, каде матичниот доктор и најде термон за ПЦР тестирање. Деновиве практично и да нема термини за тестирање во главниот град, а пред приватните клиники и лаборатории буквално имаше редици на граѓани. 

Матичните лекари смируваат и велат дека сепак нема простор за паника, бидејќи најголемиот број пациенти вирусот го поминуваат со лесни сиптоми, слични на грипот.

Во земјава значително се зголемува бројот на заболени од сојот омикрон, иако с етврди дека се уште доминантна е делта варијантата. Во вторник ќе има седница на Комисијата за заразни болести на која треба да се разгледува новонастанатат ситуација и потребата за нови мерки. Нема да има ограничувања туку само прилагодување на времетрањето на изолацијата и издавањето на решенијата.


Извор: Фактор.мк