Родители на бебиња во САД во паника - Млеко за доенчиња не може да се најде низ маркетите

Голем број родители во САД се загрижени поради недостигот на прашок за млеко за бебиња или попознат како формула за бебиња и секојдневно се во потрага по маркетите во својата околината во надеж дека ќе најдат суровина за да ги наранат своите бебиња.

Како што пишува Би-Би-Си, родителите алармираат дека се чуствуваат поразено бидејќи не можат да обезбедат храна за своите најмили. Тие ја пренесоа приказната на Бренди Слоун, 43-годишна мајка на две деца која била пред плачње, бидејќи веќе се чуствувала скршено оти нејзината очајна потрага по формула за бебиња завршила неуспешно. Таа посочила дека посетила други пет самопослуг во која барала храна за бебиња, но сите имале празни полици.


Детали читајте на Фактор тука.

Фото: EPA/ERIK S. LESSER