Се тресеше, ѝ ја почувствував целата болка: Јелена Карлеуша за тажната средба со Ана Бекута

Јелена сочувствува со тагата која ја доживува Ана поради смртта на Мрка...

Пејачката Јелена Карлеуша ја дели тагата на својата пријателка и колешка, Ана Бекута поради смртта на нејзиниот партнер, политичарот Милутин Мркоњиќ. Таа присуствуваше на последното испраќање и ѝ изјави сочувство на Ана, а во таа прилика ја прегрна цврсто.

„Ана можеби го доживува најтешкиот период во кариерата и животот, се повлече од јавноста и својата работа. Многу ми е жал, кога отидов да ѝ изразам сочувство, тоа е сѐ што можев, и имав сила да ѝ го кажам. Во такви ситуации освен силната прегратка немаш што на некој, кој многу го сакаш и почитуваш, да му кажеш, освен со своето присуство и прегратка, да му дадеш малку сила“ - кажа Јелена за „Телеграф“, говорејќи дека сочувствува со Бекута и нејзината загуба:

„Тоа беше многу тешко, таа беше многу потресена. Кога ѝ пријдов почувствував голема болка и како се тресеше, навистина е тешко да се прераскаже такво нешто. Таа е силна жена, знам дека ќе успее да собере сила за да го преброди ова. Ова е голема загуба за неа и за сите нас кои го сакавме Мрка“ - раскажа Карлеуша.

Како што објасни, покојниот Мрка ѝ бил и голем пријател, секогаш подготвен да ѝ додели комплимент.

„Мрка беше и мој пријател, човек кој со многу убави зборови зборуваше за мене, никогаш не остана должен барем за еден комплимент на моја сметка и јас му благодарам и вака, заслужи да го паметат по најдобро“ - кажа пејачката, па упати порака полна со поддршка до Ана, која го изгуби својот животен сопатник.

„На Ана, како што ѝ напишав, секако, покрај тоа што знам ѝ е многу тешко што изгубила таков човек, треба да биде и горда што го имала“ - заклучи пејачката.