Серијата Galaxy Tab S10 е таблет на Samsung подготвен за вештачка интелигенција

Добивај вести на Viber

Серијата го проширува екосистемот Galaxy AI, додека вклученото S Pen пенкало нуди интуитивна продуктивност и креативност

Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy Tab S10 Ultra и Galaxy Tab S10+, првите таблети на Samsung наменски дизајнирани за вештачка интелигенција. Врвниот хардвер вклучува 14,6-инчен и 12,4-инчен Dynamic AMOLED 2X екрани – идеална платформа за интуитивното S Pen пенкало што доаѓа со двата модели. Надградбите на перформансите[1]на Galaxy Tab S10 Ultra вклучуваат зголемување од 18% на CPU, зголемување од 28% на GPU и зголемување од 14% на NPU во споредба со Galaxy Tab S9 Ultra.

Ова подобрено процесирање овозможува побрзи и поодговорни AI функции кои сега лесно се достапни со пишани команди користејќи го новото копче Galaxy AI на Book Cover тастатурата за прилагодување на AI асистентот. Напредниот софтвер вклучува функции како Помош за белешки (Note Assist) и Помош за цртање (Drawing Assist), оптимизирани за формат на таблет. Серијата Galaxy Tab S10, исто така, функционира како домашен AI уред со 3D Map View кој нуди визуелен преглед на домот и сите поврзани уреди за да го поедностави управувањето со уредите во екосистемот SmartThings. Робусната Samsung Knox безбедност гарантира заштита и контрола на податоците, додека иновативните материјали ја потврдуваат заложбата на Samsung за поодржлива иднина.

„Серијата Galaxy Tab S10 е првиот таблет на Samsung со вградени AI подобрувања достапни веднаш по отворањето и тоа е најновиот додаток во семејството Galaxy AI“, рече ЕмСи Ли (MC Lee), потпретседател и раководител на бизнис тимот на екосистемите Galaxy во Mobile eXperience Business на Samsung Electronics. „Горди сме што го зголемуваме нашиот беспрекорен екосистем на поврзани уреди, овозможувајќи разновидни искуства кои само таблет со вештачка интелигенција може да ги понуди преку комбинацијата на моќта и преносливоста на серијата Galaxy Tab S10.“

Врвни перформанси во движење

Базирани на наследството на Samsung за обезбедување моќни искуства, Galaxy Tab S10 Ultra и Galaxy Tab S10+ се потпираат на значителни скокови во AI процесирањето за да овозможат интензивно искуство без застој. Galaxy Tab S10 Ultra вклучува зголемување на CPU за повеќе од 18%, зголемување на GPU за 28% и зголемување на NPU за 14% во споредба со Galaxy Tab S9 Ultra. Заедно со долгото траење на батеријата[2] и супер-брзото полнење[3], серијата Galaxy Tab S10 овозможува уредот да се користи подолго време со помалку време на чекање за полнење.

Елегантен дизајн и хипнотизирачки екран


14,6-инчниот екран на Galaxy Tab S10 Ultra и 12,4-инчниот екран на Galaxy Tab S10+ се карактеризираат со најсовремена Dynamic AMOLED 2X технологија и нудат живо, но природно искуство при гледање, дури и на отворено. Секој детаљ останува јасен од секој агол и во секоја средина со напредната анти-рефлексна технологија што го минимизира одблесокот и го намалува степенот на рефлексија. Четирите звучници на серијата се дополнително подобрени со Dialogue Boost управуван со AI, кој ги засилува гласовите во однос на несаканата бучава за создавање на ултра-чист звук. А за користење во движење, серијата Galaxy Tab S10 нуди бескомпромисна издржливост со оценка IP68[4], дополнително заштитен со засилен Armor Aluminum, направен за справување со удари и гребнатини за користење во било кое време и било каде.

Работете попаметно, постигнете вистинска креативност

Серијата Galaxy Tab S10 нуди ефикасно искуство со подобрување на продуктивноста и служи како идеална платформа за ослободување на вашата креативност.


·  Со функцијата Помош за белешки (Note Assist) и интуитивното S Pen пенкало, пишувањето белешки е полесно на големиот екран на таблетот. Учењето, пишувањето белешки и личен дневник стануваат поефикасни со автоматските транскрипции и резимеата обезбедени со AI. Со функцијата PDF вграден превод (PDF Overlay Translation), серијата Galaxy Tab S10 може непречено да преведе PDF документи и преводот да го вгради на екранот. Функцијата Handwriting Help ги чисти неуредно рачно напишаните белешки.

·  Функцијата Скицирај за слика (Sketch to Image) на Galaxy AI го прави Galaxy Tab S10 Ultra совршен за претворање на имагинацијата во реалност, функционирајќи како идеален креативен асистент за надминување на менталните пречки.

·  Со функцијата Пребарување со заокружување на Google (Circle to Search with Google)[5]на серијата Galaxy Tab S10, вие можете да пребарувате сѐ што ќе посакате без да ги менувате апликациите. Веднаш преведете сѐ што гледате на таблетот со Google. Без да ги менувате апликациите, можете да преведувате слики, видеа или текст со два клика. Брзо добијте ја информацијата што ви треба, а потоа продолжете со она што го правите. Оваа функција може дури и да препознае и опише чекори за решавање на задачи по физика и математика.

·  Функцијата Air Command со AI на Galaxy S Pen пенкалото обезбедува моментален пристап до функциите на Galaxy AI асистентот без префрлање помеѓу менијата. Апликациите AI асистент, исто така, може лесно да се покренат со копчето Galaxy AI на Book Cover тастатурата[6]со пишани команди, овозможувајќи им на корисниците полесно да изберат помеѓу Bixby на Samsung и Gemini на Google за прилагодено AI искуство.

Интелигентен домашен уред


Galaxy Tab S10 функционира и како Galaxy домашен AI уред, поедноставувајќи го управувањето со уредите. Со функции оптимизирани за големиот екран, како 3D Map View, лесно е да се види статусот на уредите со SmartThings преку видџетот SmartThings Корисниците, исто така, можат да активираат SmartThings Energy и AI Energy Mode за лесно следење на потрошувачката на енергија на уредите. Galaxy AI не само што го подобрува животот во движење, туку и го намалува стресот во домашниот живот.

Безбеден и проширен екосистем Galaxy

Серијата Galaxy Tab S10 го проширува уникатното поврзано искуство на Galaxy и екосистемот на апликации од трети страни, нудејќи нови и подобрени апликации. Серијата Tab S10 обезбедува пристап до водечки апликации од трети страни како што се: Goodnotes, LumaFusion, Noteshelf3, Clip Studio Paint, Picsart и Sketchbook. Корисниците лесно можат да контролираат брзини и да додаваат драматични визуелни ефекти при уредување видеа на LumaFusion или беспрекорно да креираат содржина за социјалните медиуми со AI алатките за дизајнирање на PicsaArt. Со обемниот екосистем на апликации од трети страни на серијата Galaxy Tab S10 има по нешто за секого.


Samsung е посветен на обезбедување избор и контрола на корисниците на нивните уреди и нивните податоци. Со поставките за Напредна интелигенција (Advanced Intelligence), корисниците можат да го оневозможат онлајн процесирањето на податоци за да нивните податоци останат на уредот. Samsung Knox со својата заштита од закани во реално време и заедничката заштита секогаш ги штити корисниците, овозможувајќи им да живеат живот во потполност.

Galaxy Tab S10 Ultra и Galaxy Tab S10+ ќе бидат достапни во продажба од 4 октомври 2024 година во месечева сива и платинесто сребрена боја.

###

За Samsung Electronics

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.

Спецификација

Galaxy Tab S10 Ultra (14.6 инчи)

Galaxy Tab S10+ (12.4 инчи)

Димензии*

208.6 X 326.4 X 5.4 mm

185.4 X 285.4 X 5.6 mm

* Точноста на бројките може да варира во зависност од користените мерења.

Тежина*

718 g (Wi-Fi), 723 g (5G)

571g (Wi-Fi), 576g (5G)

*Тежината може да варира во зависност од пазарот.

Оперативен систем*

Android 14.0

Android 14.0

*Верзијата на изданието и времето за достапност може да се разликуваат во зависност од моделот и/или пазарот.

Екран

14.6-инчен, 2960 x 1848

12.4-инчен, 2800 x 1752

120 Hz, Dynamic AMOLED 2X

+ анти рефлексија

AP

MediaTek Dimensity 9300+

*Спецификациите може да се разликуваат во зависност од моделот и/или пазарот.

Камера

Задна

13MP + 8 MP ултра широка

13MP + 8MP ултра широка

Предна

12MP + 12 MP ултра широка

12MP ултра широка

Мрежа*

5G (Sub-6), Wi-Fi 7, Wi-Fi Direct Bluetooth® v 5.3

5G (Sub-6/mmW), Wi-Fi 6E, Wi-Fi Direct Bluetooth® v 5.3

*Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување. Достапноста на Wi-Fi 7 може да се разликува поради верзијата на оперативниот систем, пазарот, локацијата, условите на мрежата и други фактори. Потребни се рутери за безжична мрежа Wi-Fi 7 и тие се продаваат одделно.

Боја

Месечев камен сива, платинесто сребрена

Меморија

16GB + 1TB

12 GB + 512 GB

12GB + 256 GB

MicroSD до 1.5TB

12 GB + 512 GB

12GB + 256 GB

MicroSD до 1.5TB

Звук

Четири звучници

S Pen пенкало

IP68 S Pen (BLE) Inbox

Издржливост

IP68, подобрен Armor AL

SIM

pSIM + eSIM

Безбедност

Отпечаток од прст на екранот (FOD)

Батерија / Полнење

11,200 mAh / 45W

10,090 mAh / 45W

*Типична вредност на капацитетот на батеријата тестирана во лабораториски услови од трета страна. Типична вредност е проценетата просечна вредност со оглед на отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу примероците на батерии тестирани според стандардот IEC 61960. Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори.

Додатоци

S Pen (BLE) Inbox

Book Cover тастатура

Тенка Book Cover тастатура

Smart Book Cover

Outdoor Cover

Notepaper Screen (Add-On)

Privacy Screen (Add-On)

*Спецификациите може да се разликуваат во зависност од пазарот.

*Сите функционалности, карактеристики, спецификации и други информации за производот дадени во овој документ, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, придобивките, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и можностите на производот се предмет на промена без претходна најава.



[1]За Galaxy Tab S10+, надградбите на перформансите вклучуваат зголемување од 16% на CPU, од 27% на GPU и од 13% на NPU во споредба со Galaxy Tab S9+.

[2] Вистинското траење на батеријата може да варира во зависност од моделот, мрежната околина, моделите на употреба и други фактори.

[3]Брзината на супер-брзото полнење зависи од нивото на батеријата и други фактори; користете само полначи и кабли одобрени од Samsung; не користете никакви користени или оштетени полначи или кабли; некомпатибилен полнач или кабел може да предизвика сериозни повреди или оштетување на уредот.

[4]Galaxy Tab S10 + и S10 Ultra имаат оценка IP68. Пенкалото Inbox S Pen е исто така отпорно на вода и прашина со оценка IP68. Во согласност со оценкара IP68, тоа е водоотпорно до 1,5 метри во слатка вода до 30 минути. Остатоците исплакнете / исушете ги откако ќе се навлажни. Не се препорачува за употреба на плажа или базен..

[5]Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е интернет конекција. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android до најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции можеби нема да бидат компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е гарантирана.

[6] Book Cover тастатурата се продава одделно. Дизајнот на производот може да варира во зависност од моделот. Карактеристиките и распоредот на тастатурата може да варираат во зависност од моделот или јазикот.