На 5 год. продавала овошје на картон, врсниците не сакале да ја допрат, да не се отрујат: Денес е мажена за еден од најбогатите

Добивај вести на Viber

Можеби најпознатата руска манекенка на сите времиња, Наталија Водијанова, не ја пропушти ниту оваа Недела на висока мода во Париз - таа беше во центарот на вниманието на ревијата на „Диор“. Иако пред неколку години ја заврши кариерата, витката 41-годишна дама не пропушта настани од овој тип, не само поради љубовта кон модата, туку и поради тоа што нејзиниот сопруг Антоан Арно е потпретседател и извршен директор на модната куќа Кристијан Диор. Покрај тоа, неговиот татко Бернард Арно е сопственик на конгломератот LVMH под чиј покрив има повеќе од 70 луксузни брендови како „Louis Vuitton“, „Moet & Chandon“, „Tiffany & Co“.

Наталија Водијанова на ревијата на Диор пристигна во несекојдневна, шик облека која ретко кој би ја носел со вакво достоинство. Убавата русокоса блескаше во долг хеклан фустан под кој носеше бела долна облека, додека долгиот елек од овча кожа направи да изгледа помалку сензуално и пошик и интересно. 


Белите салонки со четвртаст горен дел и скапа ташна ја заокружија оваа комбинација, а Наталија на вистински начин ја одигра улогата на амбасадорка на култната француска модна куќа.

Овој пат славната Русинка не пристигна на ревијата со својот сопруг Антоан, но таму дефинитивно беше нејзиниот свекор Бернар Анро, како и помладиот брат на нејзиниот сопруг Жан Анро. Инаку, таа и Антоан се практично неразделни и секогаш изгледаат многу хармонично кога се заедно. Се чини дека и тие имаат многу добар брак или барем шпекулациите за нивната лоша врска никогаш не стигнаа во јавноста.

Како Наталија Водијанова се заљуби во својот сопруг, еден од најбогатите луѓе во светот?

Антоан е вториот сопруг на Наталија; тие се заедно од 2011 година, иако се венчаа дури во 2020 година. Двојката има два сина заедно - Роман (7) и Максим (9).

Тие за прв пат се сретнале на снимањето на кампањата за брендот „Луј Витон“ во 2008 година, иако почетокот на нивната романса следела само неколку години подоцна. „Наталија не се ни сеќава на тоа. Но, се сеќавам на моментот кога ја видов за прв пат и буквално ми падна вилицата. Мислам, секако дека е убава, но не се работи за тоа. Има нешто што не може да се дефинира. Нејзиниот изглед, воздухот околу неа има аура“, рече еднаш 46-годишниот Антоан.


Од 2008 година, Наталија и Антоан редовно се среќавале на разни забави и настани, но биле само љубезни еден кон друг и немале романтични намери. Манекенката тогаш била во брак со британскиот аристократ Џастин Портман, со кој има три деца - Лукас, Виктор и Нева. А и Французинот бил зафатен. Но, тогаш коцките си дошле на своето место, се разделил со девојката, а во весникот прочитал дека Наталија се разведува од сопругот.

„Тогаш ѝ пратив порака“, рече Арно. Но, таа го избегнувала со месеци пред да се согласи да отиде кај него, сакала да избегне медиумски шпекулации. 

„Имавме пијачка на неговата тераса со поглед на цел Париз и беше толку смешно. И двајцата бевме срамежливи. Знаев дека ми се допаѓа кога го видов во фармерки, како нормален, опуштен тип. Но, тој не се ни обиде да ме бакне, јас не сум од типот на девојка која се грижи дали му се допаѓа на мажот, мислам, јас длабоко во себе сум навистина кревка, и тоа би ме повредило, помислив дека можеби тој сака да бидеме само пријатели. 

Сепак, подоцнежните пораки ја разубедиле и веќе на следниот состанок започнале врска. „Од нашата прва средба, тоа беше одлично возење на ролеркостер“, изјави во една прилика францускиот милијардер.

Од трње до ѕвезди - родена е во најголема сиромаштија, немала ни храна

Со бракот со Арно, Наталија стана дел од второто најбогато семејство во светот, па јасно е дека количината на пари, моќ и влијание во нивните раце е неизмерна. Сепак, таа самата се стекнала со завидно богатство, буквално од нула. Пред да наполни 20 години таа веќе имала салдо од 20 милиони долари, а се проценува дека во текот на нејзината манекенска кариера вкупно заработила повеќе од 80 милиони долари. 

Малкумина можеа да очекуваат таков расплет на судбината на Наталија за време на нејзиното растење во Нижни Новгород на западот на Русија, 400 километри оддалечена од Москва. Таа е родена во многу сиромашно семејство, а нејзиниот татко починал кога таа била сè уште бебе. Таа живеела со нејзината баба и мајка ѝ Лариса, која набрзо се премажила и добила уште две ќерки - Оксана и Кристина. Но, Оксана е родена со церебрална парализа и аутизам, а вториот сопруг на Лариса набрзо го напуштил семејството, што ја направило ситуацијата неверојатно тешка.

Лариса морала да ја напушти работата за да се грижи за болната Оксана, па се снаоѓала на други начини - работела како чистачка на четири места и имала импровизиран штанд за овошје пред фабрика за вотка. Наталија уште од мала ѝ помагала на мајка си да врзе крај со крај, често продавала за неа, дење и ноќе, на температури до минус 40, но и со домашни работи - и со сиот труд, често преку ден можеле само да си дозволат само чинија супа.


„Морав да научам да готвам, да се грижам за себе и за моите сестри и да преземам обврски кои не се соодветни за дете на таа возраст. Оттогаш, од петтата година, повеќе не бев дете. Бев гладна долго време - се навикнуваш на тоа. Носев чевли кои ги надминав за неколку големини - тоа беше мачна, неопислива болка“, рече манекенката еднаш, додавајќи дека за неа немало празници, облека, играчки или приватност, сите три сестри спиеле во ист кревет.

Мизеријата не беше единственото мачење што ја придружувало убавата Русинка; редовно ја задевале на училиште бидејќи била лошо облечена, парталава и екстремно слаба, а била жигосувана и поради нејзината сестра инвалид. 

„Сè уште имам лузна затоа што некој ми фрли нешто метално, дури и крварев. Но психичкото малтретирање беше многу полошо. Ме плукаа и ми велеа дека сум валкана како сестра ми и дека не сакаат да ме допираат мене затоа што би се отруле“.

„Никогаш не ѝ се жалев на мајка ми за ништо. Многу ѝ беше тешко - изгуби многу коса, ѝ паднаа забите. Понекогаш се прашувам како не се убила. Не можев да поднесам да ја загрижувам за ништо. Се чувствував беспомошно. Но немав избор, морав да бидам силна. Таму од каде што дојдов се сонува само за тоа да се преживее уште еден ден. Се‘ што посакував е да не размислувам за пари, храна и облека. Во Русија зимите се сурово студени. Беше полошо веројатно од што може да замислите“, изјави таа за „Дејли мејл“ пред неколку години.

Животот на Наталија Водијанова е модерна бајка

Нејзиниот живот се промени буквално преку ноќ, докажувајќи дека бајките сè уште постојат, дури и во оваа модерна доба. Кога имала 17 години, нејзиното момче во тоа време ја убедило да се пријави на аудиција за моделирање. Се испоставило дека тука лежи нејзината среќна ѕвезда - таа веднаш го привлекла вниманието на агентите и за неколку недели се нашла на модните писти во Париз.


Таа научила да зборува англиски за два месеци, а нејзиниот раст, убавото лице и посебен шарм и донесоа светска слава со незамислива брзина. Таа денес може да се пофали дека се појавила на повеќе од 70 насловни страници на Vogue, дека прошетала по модните писти на повеќе од 200 модни ревии и дека направила кампањи за практично секој луксузен бренд што постои. Веќе на 19 години таа беше во брак со гореспоменатиот благородник Џастин Портман, кој беше полубрат на Виконт Портман, што дополнително ѝ ја отвори вратата кон врвот на светската елита.


„Човековата природа е брзо да се навикне на добар живот, но никогаш не го заборавив своето потекло. Никогаш не се обидов да го оттурнам од себе. Мојата навика уште од дете беше да се борам, да преживеам, да истраам, да бидам одговорена. Мислам дека не можете да го заборавите тоа“, рече во една прилика Водијанова.

Во 2004 година манекенката ја основа „Фондацијата Голо срце“ со седиште во Русија, која активно се занимава со помош на децата со посебни потреби. Таа не само што веќе две децении вложи голем дел од своите пари во оваа организација, туку и е целосно посветена на неа. Фондацијата ја основала на 21 година бидејќи чувствувала дека мора да направи нешто со огромното богатство што ненадејно го заработила. „Се запрашав зошто доживеав такво минато и зошто го имам овој успех сега, зошто толку екстремен“, изјави таа за CNBC во 2017 година. 

„Моето детство беше голема движечка сила. Работев навистина напорно. Отсекогаш работев напорно, но денес знам дека не работам само за опстанок на сопственото семејно задоволство, туку и за задоволство на многу други луѓе. “, заклучи таа.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot