„Подобро ќе беше и мене да не ме извлечеа.Што ќе ми е живот без моите деца“: Неутешна мајката на загинатите во несреќата во Србија

Добивај вести на Viber

Едвај ме извлекоа од колата. Бев под камионот повеќе од еден час, велат можеби и два. Камо среќа да не ме извлекоа!

Вака низ солзи и лелеци зборува Мирјана Лазовиќ, сопругата на Данијел Лазовиќ, кој вчера со трите деца и соседката загина во тешка сообраќајна несреќа кај Рашка.

- Бев совозач, сите се изненадени како останав жива. Ај мајко, има ли Бог?! Нема сигурно штом ми ги зема Дано и децата. Каков ќе ми биде сега животот без нив, сега не ми треба. Ооо, Дане, не се договоривме вака... се договоривме да се подготвиме за славата... Ах, што ќе ми биде сега животот без нив“ – заплака мајката која во секунда ги загуби трите деца и сопругот.

Таа за Информер раскажа како се случила страшната трагедија.

- Тој војник во возилото доаѓаше право кон нас, како да сакаше да не убие. Ако верувате, не се знаеше кога беше кај сивите автомобили, а кога стигна толку брзо тука кај нас. Сопругот се обиде да го избегне, но не можеше. Се шеташе на сред улица. Не знам дали заспал или бил пијан, ми ги уби трите деца. Ми го уби целото семејство! Ако има правда, никогаш не треба да излезе од затвор! Проклет да си! Тешко мене, од пијанството ми го убил целото семејство. Оф животе, оф деца, оф сестро... Да не дава Бог на никој - го колне Мирјана, возачот на военото оклопно возило.

„Барем едно внуче Бог да ни оставеше“...Семејството на загинатите во несреќата кај Ушќе во Србија не можат да си дојдат при себе од шокот

На Мирјана се обиделе да и дадат инфузија, но не успеале. Има рана на челото и завиткана и е десната рака.

Таа на своја одговорност ја напуштила болницата, а вистинско чудо е како ја преживеала страшна несреќа кога оклопно возило на Армијата го престигнало конвојот и удрило во нивниот „форд“.

Да потсетиме, страшна сообраќајна несреќа се случи кај Ушќе кога автомобил се судри со системот ПАСАРС на Војската на Србија. Единствена преживеана од автомобилот е мајката Мирјана Л.(32).

Загинаа и другите членови од нејзиното семејство, нејзиниот сопруг Данијел и трите деца, како и нејзината сосетка Дијана К.(27).

Возачот на оклопното возило имал повеќе од 0,2 промили алкохол во крвта, што е спротивно на правилата на Вооружените сили на Србија, кои наложуваат нулта толеранција на алкохол за припадниците на војската.

Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, М.В. е задржан во притвор до 48 часа, а после тоа ќе биде предаден на Јавното обвинителство.

Мирјана во еден миг ги изгуби сопругот и трите деца, но и соседката: Ова е семејството кое загина во несреќа меѓу воено возило и автомобил во Србија

Фото: Социјални мрежи