Мирјана во еден миг ги изгуби сопругот и трите деца, но и соседката: Ова е семејството кое загина во несреќа меѓу воено возило и автомобил во Србија
Во страшната несреќа што се случи вчера на главниот пат Краљево - Рашка загинаа Данијел Л., од Нови Пазар, неговите деца и нивната сосетка. Неговата сопруга Мирјана Л. е единствената преживеана и моментално се борат за нејзиниот живот.
Според соопштението, на лице место настадале возачот и сопатниците во патничкиот автомобил, Д.Л. (33), Л.Л (10), Л.Л. (7), М.Л. (1), и Д.К. (27), додека М.Л. (32) се здобила со тешки телесни повреди.
Возачот на оклопното возило е уапсен
Поради постоење основи на сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз, полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство Краљево го приведе возачот М.В.(54), кој управувал возило на Српската војска. Нему му е одреден притвор од 48 часа.
Автомобилот смачкан!
-Патничкиот автомобил бил целосно поклопен со воено возило, целосно згмечен. На местото на настанот пристигнале екипи од пожарникари и спасувачи. Тие некако успеале да го подигнат военото возило и да го преместат. Страшна е сцената која не зафати, ова е вистинска трагедија – изјавил за „Рина“ еден од очевидците.
Како што напиша „Курир“, мајката Мирјана два часа била заробена под блиндирано возило. Веста дека меѓу петмината настрадани има и три деца, за „РТС“ ја потврди директорот на Општата болница во Краљево, д-р Зоран Мрвиќ.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во судирот учествувале автомобил на петчлено семејство и борбено возило ПАСАРС на Вооружените сили на Србија. Во автомобилот имало родители со три деца и уште едно лице, додека фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека автомобилот бил смачкан до непрепознатливост!
ФОТО: