„Барем едно внуче Бог да ни оставеше“...Семејството на загинатите во несреќата кај Ушќе во Србија не можат да си дојдат при себе од шокот

Добивај вести на Viber

Соседите на семејството кое вчера имаше страшна сообраќајка на патот Рашка-Краљево кај Ушче, велат дека нивните семејства се неутешни по трагедијата што ги снашла.

Жителите на Драганиќ кај Рашка, каде што живееше петчленото семејство кое вчера имаше страшна сообраќајна несреќа на патот Рашка-Краљево, за Курир велат дека нивните семејства не можат да се соземат од шокот и постојано повторуваат „зошто Господ не им оставил барем едно внуче живо“.

Несреќата се случила, да потсетиме, вчера околу 13 часот и 20 минути кај Бојаниќи на патот Рашка-Краљево кај Ушче, при што се судриле возило „форд“ и возило на српската армија. Имено, во „фордот“ по страшната несреќа, на повредите им подлегнале таткото и неговите три деца на возраст од десет, седум и една година, како и соседката, додека мајката на децата поминала со потешки повреди.


- Ги посетивме родителите на жртвата за да изразиме сочувство. Сите во црно, кутрите и нивната судбина. Во еден миг ги загубија синот и трите внуци. Не зборуваат, само плачат и се обидуваат да најдат зборови за трагедијата што ја доживеале - вели соседот и додава:

- Само плачат што да прават и гладаат во далечината: „Да ни оставеше едно внуче... Сега нашата снаа нема никого, изгуби се. Да останеше само едно внуче барем да најде утеха во него“.

Според зборовите на соседите кои отишле да му изразат сочувство на семејството, родителите на починатиот наведуваат дека ќе беше подобро тој да отидеше во Мировната мисија.


- Слушнав дека сакал да оди во Мировната мисија, но дека се откажал поради децата. Некако се обидуваат да смислат што требало да направат во минатото за да не се случи тоа вчера - велат соседите и додаваат дека вчера ја виделе српската војска како доаѓа кај нив затоа што загинатиот бил нивни припадник.

- Деновиве се подготвуваше да замине во шума за да организира дрва за зимата со екипата, но немаше време да го направи тоа. Ја сакаше сопругата, децата, го сакаше семејството, правеше се за нив, а сега сопругата остана сама...

По несреќата, приведен е возачот на Војската на Србија кој учествувал во сообраќајката кај Ушче, поради сомнение дека сторил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз.


ФОТО: Facebook printscreen/Youtube printscreen