„Ги замолувам сите дами кои му служеле како влажни марамици на мојот дечко... Кристина Димитри распали

Добивај вести на Viber

Ја немаше неколку месеци на социјалните мрежи, само исчезна, а пред 10 дена се појави во интервју и веднаш распали и ги собра сите погледи и коментари.

Кристина Димитри е убава Македонка, која е атрактивна и често озборувана. На социјалните мрежи, но и во нејзиното последно интервју таа потврди дека има дечко, но не откри за кого станува збор, а конечно на Инстаграм Стори преку фотографија, откри мал дел од неговото лице.

На фотографијата се Кристина и момчето гушнати, буквално припиени еден до друг, а во позадина оди љубовната песна на Дадо Полумента: За тебе увјек бичу ту“. 

Но, Кристина исто така се пофали дека има и нов имиџ, односно дека има нова боја на косата - огнено црвена. Оваа боја ѝ стои одлично, ѝ одговара на тенот, формата на очите, но и на нејзиното лице.

Дали станува збор за перика, или пак отсега ќе ја гледаме ваква не знаеме, но она кое заинтригува е она кое пејачката и поранешна мисица го напиша на едно од сторињата на Инстаграм: „ Ги замолувам сите дами кои му служеле како влажни марамици на мојот дечко да не ми го полнат инбоксот. Зарем не знаевте дека влажната марамица е за една употреба. П.С. Да јас сум жената за која го променил животот и единствената жена во која се заљубил во неговиот живот. Има разлика во фалш и бренд. Ух и црвено ми стои...“

View this post on Instagram

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Фото: Инстаграм

Р.Ж.М.