За помалку од 100 денари избелете ги фугите, ќе бидат како нови: Една природна состојка ја уништува црната мувла, секој дом мора да ја има

Добивај вести на Viber

Бањите можат да бидат жариште за црна мувла, бидејќи може да преживее само на влажни места, но има лесен начин да ја отстраните од тешко достапни места како силиконска смеса, користејќи природна состојка што веројатно ја имате во вашата кујна.

Може да биде многу загрижувачки да видите како расте црна мувла во вашата бања, а едно од најтешките места за чистење е силиконската смеса околу кадата или тушот.

Силиконските шуги обично привлекуваат мувла бидејќи, иако се целосно водоотпорни, нивната површина е постојано изложена на влага и, доколку не се исчистат, може да стане почва за бактерии.

Често е тешко да се отстрани мувлата од силиконот бидејќи е исклучително отпорен на вода, што значи дека повеќето средства за чистење не можат лесно да ги разградат спорите.

Сепак, Џорџија Нун, експерт во Silicone Direct, откри дека постои „природен лек“ за ефикасно отстранување на мувлата и спречување на нејзино повторно појавување.

- Оцетот е природен уништувач на мувла кој, за разлика од другите материи, не содржи штетни хемикалии.

Можеби изгледа чудно, но оцетот содржи оцетна киселина која може длабоко да навлезе во спорите на мувлата и да ги разгради.

Мувлата може да расте само во влажна средина, но киселоста ќе го промени нивото на pH на силиконската фуга, со што е помала веројатноста спорите на мувлата повторно да се појават.

Оцетот има и антигабични својства, што значи дека може брзо да ја убие мувлата на површината, па затоа не мора постојано да ја чистите.

Како да се ослободите од мувлата и да го спречите нејзиното враќање користејќи оцет?

Сè што треба да направите е да измешате две тртини оцет со една третина  вода во празно шише со спреј, а потоа да ставите маска, ракавици и очила за да се заштитите додека ја чистите мувлата.

Нанесете поголема количина од растворот од оцет на мувлосаните места, а потоа оставете го да делува бидејќи ќе биде потребно време да се разложат спорите.

Растворот од оцет треба да го оставите да делува најмалку 30 минути, а ако површината е голема оставете ја преку ноќ.

Кога ќе бидете подготвени за чистење, користете партал или стара четка за заби за нежно да ја исчистите силиконската фуга со кружни движења.

Мувлата треба веднаш да се тргне од силиконската фуга, а се‘ што треба да направите е да го исплакнете со вода и да го исушите со чиста крпа. 

Меѓутоа, ако се‘ уште е присутна „тврдоглавата“ мувла, обидете се да измешате оцет со сода бикарбона, бидејќи е алкална и природно ги дехидрира спорите за да ги убие.

Измешајте вода, оцет и сода бикарбона и нанесете ја на силиконската фуга со мувла, а потоа растворот оставете го барем еден час, но подобро е да го оставите преку ноќ.

Вашата бања сега треба да биде блескаво чиста и без непријатни дамки од мувла околу кадата, тушот или мијалникот.

Во иднина, најдобар начин да се спречи повторното појавување на мувлата е да се одржува добро проветрена бањата и да се отвори прозорецот по туширањето за да се спречи таложење на пареа во просторијата.

– Отворете го прозорецот веднаш по капењето или туширањето, така можете брзо и ефикасно да ја отстраните пареата и влагата од вашата бања – заклучила таа.


Фото: Youtube - screenshoot