Синот на Дино Мерлин кој никогаш не го гледаме во јавноста: Хамза е копија на својот татко

Познатиот пејач Дино Мерлин има две деца, ќерката Наида и синот Хамза, кои ретко кога ги гледаме во јавноста.

Тие не се занимаваат со јавна работа, а никогаш не сакале поради татко им да се појавуваат во медиумите.

Хамза Дервишалидовиќ има 28 години, се школувал во Берлин, а студирал Менаџмент и политички науки во Истамбул.

Иако го нема пред камерите и фотоапаратите, Хамза е помеѓу тимот луѓе кои учествуваат во сите проекти кои се однесуваат на неговиот татко. Она што е најинтересно е тоа колку тој личи на својот татко.

Дино е горд на своите деца, а за ќерката отсекогаш истакнувал дека е многу скромна, за разлика од синот, кој од мал има голема листа со желби за татко му.

Пред неколку месеци, наследникот на Мерлин и снаата Џенета Табаковиќ Дервишалидовиќ добија син, на кој му го дадоа името Незир. Момчето го добило името по прадедото Незир, татко на сопругата на Дино Мерлин. Дино и неговата сопруга Амела се пресреќни поради првото внуче, како и нивната ќерка Наида која стана тетка.

Може да ве интересира:

(ФОТО) Сопругата на Дино Мерлин која никогаш не се појавува во јавност