Сиромаштијата си го прави своето: Во помалите места и облека може да се купи на вересија

Во помалите градови во внатрешноста на Македонија, купувањето облека на вересија е намалено во однос на минатото, но не е искоренето.

Поради лошата економска состојба, ниските плати, и малата куповна моќ на граѓаните, сопствениците на бутици велат дека сепак се случува да дадат парчиња облека на купувачите на вересија.  Некогаш се работи за свечена облека, а некогаш за облека за секојдневна употреба. Откако почна корона кризата, газдите на продавниците за облека се трудат оваа појава да ја минимизираат колку што можат, но велат дека економската состојба не е идеална, и тоа не може да се негира.

Детално читајте на Фактор тука.