Сликите на Цеца за „Плејбој“ кои оставаат без здив: Пејачката откри каде прв пат го здогледала Аркан (ФОТО)

И денеска се прераскажуваат детали!

Балканскaта ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ позираше за машкото списание „Плејбој“ во 2005 година, позирајќи пред објективот на нејзиниот пријател, фотографот Дејан Миличевиќ. Тогаш посилниот пол остана без здив.


За интервјуто за „Плејбој“ се зборуваше со недели, а потоа откри како првпат го видела својот сопруг Жељко и што прво и паднало на памет.

- Во Плејбој првпат го видов човекот на мојот живот. Бев во Германија. Застанав на бензинска пумпа да купам весници. Претурав по странски луксузни списанија и го видов Плејбој. Иако не знам германски, почнав да го прелистувам. Така наидов на интервју со Жељко Ражнатовиќ. Ништо не разбрав за што се работи и што пишува, само зјапав во неговата фотографија, бидејќи страшно ми се допадна. Тој ми изгледаше како моќен бизнисмен. Си помислив: „Па тоа е Аркан! Единственото нешто на што размислував тогаш беше како да се биде жена на таков маж – изјавила Цеца за „Плејбој“.


Таа истакна дека стоела покрај момче кое забележало дека е хипнотизирана. Тогаш таа се свртела кон него и му рекла:

- Погледнете го тоа фасцинантно суштество, колку би сакала да сум била сопруга на таков човек.

Позирање во стил на светска ѕвезда

Цеца позирала облечена во црн градник. Нејзините совршени облини и извајано тело дојдоа до израз, кои го воодушевија машкиот дел од популацијата. Иако не се соблече гола, како што обично се случува со овој магазин, фотографиите беа подеднакво провокативни.

Нејзината ќерка Анастасија неодамна во интервју за „Ало“ изјави дека ќе го направи истото како нејзината мајка. Но, таа нагласува дека условите би биле да не биде скроз гола.