Слушнала гукање од картонска кутија и се исплашила, а потоа забележала порака: Ве молам помогнете ми, мајка ми ...

Во моментот кога температурата веќе почнала да паѓа под десет степени, на последниот ден од претходната година во 14 часот, Рокси Лејн излегла на улиците на Фербенкс на Алјаска и била изненадена од глетката која набрзо ја затекнала.

Напуштено бебе тивко гукало од картонска кутија оставена недалеку од нејзината куќа, а кога се приближила видела потресна порака и решила целиот настан да го сподели на својот Фејсбук профил, а целата сторија ја пренесе „Њујорк пост“.

„Ве молам помогнете ми! Роден сум денес, 31 декември 2021 година во 6 часот наутро, роден сум 12 недели пред терминот. Мајка ми беше бремена во 28 недела кога ме роди. Моите родители и баба ми и дедо ми немаат доволно пари за да ме одгледаат. Никогаш не сакаа да го направат ова. Мајка ми е многу тажна што го прави ова. Ве молам земете ме и најдете мМоето име е Тишон. “, се вели во пораката.

Лејн во објавата напишала дека детето го нашла во картонска кутија покрај поштенските сандачиња недалеку од нејзината куќа.

„Го поминав цел ден анализирајќи ги моите чувства и минувајќи низ сите различни сценарија и причини и прашувајќи се како може да се случи такво нешто“, рече Лејн, а потоа побара од секој кој можеби ја познава мајката на бебето да ѝ се јави бидејќи можеби и треба лекарска помош.


„Очигледно некој во нашата заедница се чувствуваше толку изгубено и безнадежно што го направи веројатно најтешкиот избор во својот живот, да остави невин живот покрај патот без ништо друго освен ќебе и име. Но, таа му даде име! Има некоја љубов таму, дури и ако донесла страшна одлука. Денеска го спасив бебето и веројатно ќе мислам за тоа до крајот на мојот живот", заклучила Рокси.

Властите на Алјаска ја потврдија оваа вест и направија извештај за пронајденото напуштено бебе околу 14 часот, а потоа брзата помош го превезе во болница каде беше констатирано дека е во добра здравствена состојба, пренесуваат локалните медиуми.


Фото: Фејсбук