Со песна од Тамара Тодевска моќно на сцената на „Ѕвездите на Гранд“: Скопјанката Андријана ќе ве наежи со настапот
Скопјанката Андријана Петрушовска Ани го воодушеви жирито на „Ѕвездите на Гранд“ со настапот во вториот круг од натпреварувањето, кое се прикажуваше викендов.
Особено радува фактот што 22-годишната Андријана за овој настап избрала и една македонска песна, односно „Брод што тоне“ од Тамара Тодевска, а за истата изведба доби, заслужено, фантастични коментари.
Некои од членовите на жирито, дури ѝ искоментираа дека ова е најдобрата интерпретација во оваа сезона на натпреварувањето, а буквално сите имаа пофални зборови за неа.
Нејзин ментор е Ѓорѓе Давид, па и таа му се заблагодари дека вредно работел со неа при подготовка за настапот.
Андријана ги доби сите шест гласа од жирито и влезе директно во третиот круг.
Погледнете го нејзиниот настап:
Тамара Тодевска ѝ искоментира на оваа објава со срциња.
Целиот настап на Андријана можете да го погледнете на 2:19:11: