Со зборовите за синот, погодува право во срце: Мајката на Новак Ѓоковиќ со силна порака

Мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана, ја истакна големината на победата што нејзиниот син ја освои со неговото ослободување во Мелбурн.

Најдобриот светски тенисер конечно беше ослободен по шестдневен престој во притвор за имигранти.

„Момчето кое го научи семејството да не толерира лаги, измами и секогаш се бореше за правда. Тој не е виновен, не направи ништо што го крши законот и повторно претрпе тортура. Штотуку слушнавме што преживеал и секако дека застана против системот и владата затоа што мислеше дека има право да остане таму со добиената виза и дека отиде да го освои тој турнир. Никогаш не сме се соочиле со ваква ситуација. За нас оваа ситуација е тешка, се обидовме да се бориме за него некако да се слушне за тој глас низ светот“, изјави Дијана Ѓоковиќ.

„Емоциите што ги доживеавме беа различни, тага, очај, разочарување. Имаше моменти кога немаше ни телефон и не знаевме што се случува и не знаевме дали е добро или дали се е во ред со него. Тоа се работи, што јас како мајка не можам да ги преболам и мислам дека сите мајки на светот ќе ме разберат. Благодарам на сите луѓе во светот кои го поддржаа, што му даваа сила да се бори“.

„Во Мелбурн, до тој хотел, нашите луѓе го поддржаа. Тој ги слушна, но не можеше да ги види. На целиот свет му покажавме каква неправда е тоа: сѐ уште постои Бог и сѐ уште има правда во светот и таа правдата беше донесена во вистинско време и Новак е ослободен. Ова е најголемата победа во неговата кариера, поголема од сите негови Грен слемови“.


Фото: Youtube-screenshoot-Blic